19 Декември, 2025
0.0901

Дистрикт бар и ресторан: новата енергија во градот

Интервју Питер Татар: Како е да си Шеф на кујна во Дистрикт бар и ресторан...

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2016 12:56

Добивај вести на Viber

Неодамна во центарот на Скопје беше отворен новиот ресторан Дистрикт  на самиот плоштад, во склоп на хотелот Мериот.

Уникатно дизајниран, уреден во модерен стил и доза на традиција, ресторанот нуди атмосфера за сите оние гости што сакаат да се чувствуваат пријатно и опуштено во кој било период од денот. Посебно задоволство за посетителите е отворената кујна на ресторанот околу која се сместени масите, а тоа создава амбиент на блискост, отвореност и лесна комуникација помеѓу професионалниот готвачки тим во кујната и присутните гости.

Во целиот тој отворен простор, главниот Шеф на кујна во Дистрикт бар и ресторан Питер Татар преку мешавината на рецептите од Источна Европа и медитеранските влијанија, многу брзо ги буди сетилата на мирис и вкус, отворајќи го апетитот и поттикнувајќи ја желбата кај гостите да вкусат нешто ново, уникатно и вкусно од менито на Дистрикт.

Во продолжение научете повеќе од него што значи да се биде Шеф на кујна и кои вештини треба да ги исполнува .

ФАКТОР: Какви вештини се потребни за да бидете Шеф на кујна во Дистрикт ресторанот?


Питер Татар: Готвењето и подготовката на оброци и специјалитети е во голема мера поврзано со креативност и инвентивност, затоа можеби најважно за еден Шеф на ресторан е да поседува страст за создавање и посветеност на работата. Тоа ви е потребно пред сè да почнете да се занимавате со готвење, а понатаму секако следи и многу работа и богато искуство. Лично јас, зад себе имам скоро десетгодишно искуство стекнато во најпознатите ресторани во неколку светски метрополи.

ФАКТОР: Дали во вашата работа и приготвувањето на специјалитетите сте под влијание на некоја национална кујна?

Питер Татар: Мојата работа не е под нечие конкретно влијание, но ја сакам кујната и вкусовите од овој регион затоа што во себе ги комбинира најубавите состојки и зачини. Описно, гурмански кажано – оваа кујна како во еден голем сад да ги меша мирисите и вкусовите со културата на ова поднебје.

ФАКТОР: Со колкав тим работите и какви се вашите барања и очекувања од нив?

Питер Татар: Тимот за поддршка што еден шеф на кујна го има покрај себе е можеби клучен за синхронизирано функционирање на кујната. Најголемиот тим со којшто досега сум работел бил составен од 80 готвачи вклучувајќи ги и пекарите. Моментално, во Дистрикт работам со одличен тим, подготвен за сите предизвици, со голем ентузијазам и љубов кон оваа работа. Дел од нив имаат богато искуство стекнато во кујните на светските крузери, што е голема предност за брзиот, квалитетен и инвентивен одговор на сите барања на гостите на Дистрикт. Барањата и очекувањата се секогаш исти – со многу страст и љубов да се создаде одлична свежо приготвена храна и со тоа да направите задоволните гости повторно и повторно да се враќаат во ресторанот.


ФАКТОР: Што посебно има кујната на Дистрикт да им понуди на гостите?

Питер Татар: Дистрикт има да понуди многу, одличен амбиент и многу позитивна енергија, но она што е вистинска вредност е магијата преточена во извонредно вкусен оброк, што ќе ве изненади и ќе ве импресионира. За вашето изненадување во облик на храна се грижат нашите посветени готвачи со регионално и меѓународно искуство. Познатите и веќе прифатени зачини и вкусови ги комбинираме со нашитеуникатности како зрееното суво говедско месо. Со цел да ги изненадам, многу често во своите специјалитети користам џигер од гуска затоа што не сите знаат колку вкусно може да биде, доколку е искомбинирано и приготвено правилно.

ФАКТОР: Од отворањето на ресторанот веќе е познато дека Дистрикт нуди ексклузивност во секој приготвен оброк, врз основа на што го создадовте менито?

Питер Татар: Храната е возбуда, изненадување и сетилна екстаза и токму така е составено менито. Но заради моментот на изненадување и да се понуди нешто ново, менито често се менува и се дополнува со нови специјалитети кои што се инспирирани од свежите производи достапни во тековната сезона. Во Дистрикт секогаш ќе најдете нешто интересно и возбудливо.


ФАКТОР: Што би препорачале како нешто што мора да се проба во ресторанот Дистрикт?

Питер Татар: Една од нашите уникатности што се единствени не само во Македонија, туку можеби и пошироко е Џоспер скарата и месото подготвено на неа, што е навистина ценет и баран метод при создавањето кулинарски специјалитети, а не помалку возбудливи се и специјалитетите со риба кои можат да бидат подготвени на многу начини и по желба на гостите.


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка