20 Јануари, 2025
0.0285

ИНТЕРВЈУ Пивоваров: Политичката состојба до точка на вриење, борба за спас на кожата!

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

“Недостатокот на чувство на државност кај одредени политичари може да ја втурне земјава во граѓански немири за кои никој неможе да предвиди каков епилог ќе имаат. Гледаме обид за тензии и покажување на криминални намери за дискредитација на се што им смета и на сите што се неистомисленици со  власта. Искриминализираните политичари својот криминално стекнат плен ќе го штитат преку канализирање на нивните криминални интереси како партиски интерес за одбрана на земјата” - вели за Фактор,универзитетскиот професор и поранешен разузнавач, Владимир Пивоваров.

Во Македонија според него владее криминална криза која не опкружува со зголемен интензитет последниве неколку години, а кулминира со предизборниот, изборниот и постизборниот период.

“Ваквото однесување на власта ја зоврива и така тешката состојба во нашата држава. Ваквото однесување му одговара на оној кој си ја спасува кожичката и криминално стекнатиот капитал. Што се однесува до овие избори, повторно се соочуваме со марифетлуците на ѓаволот, мислам на сите досетки како пред политичкиот противник да се дојде до валкана предност. Само малоумници се гордеат на така освоените гласови. Како и претходните избори и овие избори изобилуваа со нерегуларности меѓутоа сега во поблага форма. Доколку опозицијата освоеше 500 000 гласа, власта ќе освоеше 520 000 гласа. Доколку опозицијата освоеше 1000 000 гласа, власта ќе освоеше 1 020 0000 гласа и така се по ред. Мислам дека на читателите се им е јасно”- додава ПИвоваров.

Изјавите на политичарите од власта кои се полни со гнев и убедување дека некој сака да им ја украде изборната победа  вели се класично непознавање на законите и страв од реален  изборен пораз.

“Незнам зошто во РМ се употребува терминот политичка криза. Ние имаме криминална криза. Ме зачудува излагањето на господинот Ѓорчев за прогласување на победа, губење на трпение кај народот и зачувување на победата. Прво законот предвидува постапност во работењето на Државната изборна комисија, секако пропратено со законски рокови на одлучување. Кога ќе се заврши со целата правна процедура се соопштуваат конечните резултати. Дури тогаш се верифицираат пратеничките мандати,  а партијата која освоила најголем број на пратеници добива мандат за составување на идната влада. Затоа најкоректно е да се сочекаат званичните резултати од ДИК па дури тогаш да се дискутира за победникот на овие избори”- објаснува професорот Пивоваров.

Последните  настани во Куманово олицетворени преку претресот  во домот на началникот на кумановската полиција Стојанче Величковиќ,  според него се само првиот сигнал  на неизвесноста и притисокот  што се очекува во наредните денови.

“Во Куманово победи разумот и граѓаните на Куманово кои се собраа во голем број. Ова е знак на граѓанска непослушност што не е добро за земјава но очигледно ножот е дојден до коска. Се плашам дека искриминализираните политичари својот криминално стекнат плен ќе го штитат преку канализирање на нивните криминални интереси како партиски интерес за одбрана на земјата, а впрочем годиниве наназад видовме какви се малоумници имаме и на што се спремни да ги заштитат трошките кои им ги дава нивниот лидер”- потенцира универзитетскиот професор.

Во овие како што ги опишува Пивоваров,  тешки и тензични моменти за  Македонија  потребно е да преовладее разумот кај политичарите, а граѓаните да не подлегнуваат на нивните излитени фрази дека се нивни спасители. Изборот вели професорот е на граѓаните,  дали  сакаат  демократија или анархија.

“Ако вака продолжи да се одвиваат работите, пред се мислам на политичарите кои се крајно неодговорни со своите изјави со кои долеваат масло на огинот и тоа свесно се со единствена цел, ако треба државата нека гори, ама тие да се спасат. Затоа да одлучиме дали сакаме економски просперитетна држава или популизам со празен џеб. Изборот е наш и да не бараме виновници во туѓиот двор”- порачува универзитетскиот професор Владимир Пивоваров.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски