18 Декември, 2025
0.0550

ИНТЕРВЈУ Сашко Самарџиоски: Покажавме дека инвестициите во време на криза даваат резултати!

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2014 10:24

Добивај вести на Viber

Прилепска пиварница е добитник на престижната титула Национален шампион на Европските бизнис награди. Со генералниот директор Сашко Самарџиоски разговараме за значењето на ова признание за компанијата. Европските бизнис-награди што се спроведуваат по осми пат, оваа година вклучуваат учество на над 24 илјади бизниси од 33 европски земји.  Вкупно 709 компании од цела Европа беа прогласени за национални шампиони и со тоа влегоа во втората фаза на ова натпреварување. Фактор: Што носи со себе титулата Национален шампион на Европските бизнис награди? Самарџиоски: Ова признание е доказ дека Прилепска пиварница станува пример за компанија која зад себе има квалитет и начин на работа што е пример не само за Македонија, туку и пошироко. Во овој натпревар влеговме со намера да видиме навистина до каде сме со стандардите споредено со компаниите од овој сектор. Се покажа дека сме на одлична позиција и дека влегуваме во делот на една од најдинамичните компании во Европа. Фактор: За каков тип на награда станува збор? Самарџиоски: Прилепска пиварница е прогласена за Национален шампион на Европските бизнис награди спонзорирани од RSM International. На Европските бизнис награди, што оваа година се одржуваат по осми пат, земаа учество над 24 илјади бизниси од 33 европски земји. Да се биде една од избраните компании во ваков тип на натпревар за нас е одличен показател дека сме на вистинскиот пат. Досега вложивме многу како компанија, се одлучивме на промени кога малкумина се решаваа на инвестиции. Овој пат сме пример на компанија што покажа дека инвестициите за време на криза, ако правилно се спроведени со одлична стратегија дава резултати. Нашите 90 години на традиција одлично се искомбинираа со новиот изглед на Златен даб, со инвестициите во производството и не сместија во редот на најдобрите во Европа. Тоа значи дека сме македонска пиварница со светски квалитет. Иако ја имаме довербата на потрошувачите, ваков тип на награди е потврда на единствениот квалитет на нашите производи. Фактор: После станувањето на национален шампион, што следи понатаму? Самарџиоски: Следи втора фаза на избор. Во оваа фаза на избор одбор на судии каде учествуваат истакнати личности од бизнис заедницата, академици и претприемачи ќе ги одберат најдобрите во најдобрите во групата и ќе ги наградат со наградата Ruban d’Honneur’. Секоја наградена компанија пак учествува во големото финале во 2015 година. Сите национални шампиони подоцна учествуваат во јавното гласање за прогласување на „Шампиони на јавноста“ во секоја земја. Само како илустрација за тоа каков одзив има целата манифестација покажува и податокот дека мината година гласале повеќе од 93 илјади лица. Фактор: Што е потребно да се влезе во таква силна конкуренција? Самарџиоски: Проактивност во работата, наложување на етички правила и задржување на висок степен на квалитет на производите и услугите. Прилепска пиварница последните неколку години покажа голема проактивност во своето работење. Иако и пред тоа бевме познати по невообичаениот пристап и кон креирање на нови производи за нашите потрошувачи, сега покажавме како се размислува чекор понапред од другите и се поставивме како лидер на пазарот во поглед на иновативноста и квалитетот. Се е можно кога имате јасна визија што сакате да постигнете, кога имате одличен тим и кога имате врвна технологија, големо искуство и знаење. Тогаш сите желби стануваат реалност, а сите бизнис планови што биле на хартија, стануваат реална бизнис инвестиција. Фактор:  Со што ПП ја заслужи оваа награда? Кои вредности најмногу се опсервираат и ценат во одлучувањето? Самарџиоски: Прилепска пиварница се покажа како најдобра во исполнувањето на критериумите поставени од European Business Awards. Ние се покажавме одлични во полето на иновациите, етичкиот пристап и финансискиот успех. Тоа беа критериумите за избор и добивање на наградата. Во сите три полиња Прилепска пиварница се покажа како лидер. Исполнувањето на високи стандарди во делот на иновациите е видлив и на теренот со секојдневната наша работа. Со воведувањето на нови иновативни производи, модернизација на производството, светски изглед на производите направивме вистинска промена на македонскиот пазар. Сето тоа доведе до одлични перформанси на компанијата. Ние, за разлика од некои други компании, за секој вложен денар во иновации и промоција не велиме дека се трошоци, туку тоа е инвестиција за одличен квалитет и производ што пак ни ја зголемува довербата кај потрошувачите. Фактор: Зошто оваа награда е престижна во бизнис круговите? Самарџиоски: Ретки се компаниите кои ја добиваат оваа награда. Бидејќи треба да се исполнуваат доста услови за да може да конкурирате и да ве изборат во делот за најдинамични компании. Во време кога условите на пазарот брзо се менуваат и кога секој од нас треба да биде проактивен за да успее. Во ова динамично време ќе бидат успешни компаниите кои ќе успеат да се навикнат на постојаните промени и да одат во чекор со нив, додека тие што остануваат на исто ниво нема да може да опстојуваат во средина што постојано се менува. Фактор: Дали Европските бизнис награди нудат перспективи за носителот на признанието односно наградениот? Самарџиоски: Секако дека нудат. Тоа отвора можности за соработка со врвни европски компании, за презентирање на Прилепска пиварница надвор од границите на Македонија. Оваа е и награда за Македонија, бидејќи тоа значи дека во оваа земја има македонска компанија што по квалитет и начин на работа е една од најдобрите во Европа.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?