24 Ноември, 2024
0.0292

Интервју со Костадин Богданов, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ: Дел од членовите размислуваат да излезат и да го поддржат договорот

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

„Централниот Комитет да донесе одлука со која ќе им остави на членството самите по сопствено убедување да одлучат како ќе постапат на денот на референдумот. Тоа подразбира дека членовите можат да го подржат договорот и да гласаат за членство на Македонија во ЕУ и НАТО преку овој Договор, понатаму, членовите можат да излезат и да гласаат против овој Договор, доколу сметаат дека во иднина може да се постигне помалку штетен Договор, и конечно, доколку одреден број членови сметаат дека за државата има друга алтернатива освен членството во ЕУ и НАТО, тогаш на денот на референдумот може да си останат дома“- вели во интервју за Фактор Костадин Богданов, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Фактор: Раководството на ВМРО ДПМНЕ излезе со став секој член да реши самостојно како ќе делува на 30 септември денот на референдумот. Ова значи се, кој сака може да гласа За, против или да бојкотира?

Богданов: Токму така. После опсежна дебата на состанокот на Извршниот Комитет, раководството на партијата, со мнозинство гласови, одлучи да му предложи на Централниот Комитет да донесе одлука со која ќе им остави на членството самите по сопствено убедување да одлучат како ќе постапат на денот на референдумот. Тоа подразбира дека членовите можат да го подржат договорот и да гласаат за членство на Македонија во ЕУ и НАТО преку овој Договор, понатаму, членовите можат да излезат и да гласаат против овој Договор, доколу сметаат дека во иднина може да се постигне помалку штетен Договор, и конечно, доколку одреден број членови сметаат дека за државата има друга алтернатива освен членството во ЕУ и НАТО, тогаш на денот на референдумот може да си останат дома. На состанокот  беше нагласен историскиот контекст во кој се наоѓа државата пред референдумот, и исто така беа реафирмирани партиските заложби на ВМРО ДПМНЕ за евро-атлантска интеграција на РМ и прозападниот курс на партијата. 

Членството во ЕУ и НАТО ќе отвори нови перспективи

Фактор: Деновиве многу актуелни и поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ од потпретседателот Јанчев до Тодоров јавно изјавија дека ќе гласаат на референдумот. Неофицијално се шпекулира дека и други ќе го сторат истото. Има ли вистина во овие информации?

Богданов:Секако. Функционерите кои ги споменавте тоа и јавно го кажаа и го подржаа референдумот како највисоко демократско право на граѓаните, кои се суверен на државата и со целосно право да одлучат за нејзината иднина и иднината на следните генерации. Немаме дилема дека во моментот државата е исправена пред историски крстопат кој по својата важност е еднаков на оној од 1991 година. Членството во ЕУ и НАТО ќе отвори нови перспективи за државата, од аспект на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права, економијата, образованието, здравството... очекувам во следниот период подршка на референдумскиот процес да дадат и други сегашни и поранешни функционери на партијата кои сметаат дека бојкотот на референдумот во овој момент претставува ништо друго освен бегање од одговорноста, но, и да ги потврдат политиките на партијата која прва застана на ставот дека за ова прашање кое се провлекува веќе 25 години, народот ќе одлучи на масовен референдум.

Јас лично ќе излезам да гласам

Фактор: Деновиве се појавуваат шпекулации дека претседатели на месни заедници, општински организации и други функционери кои одат на средби со граѓаните и им соопштуваат да не излегуваат на гласање. Има ли вистина во овие информации?

Богданов:Информации од тој тип, за жал, се повеќе се шират во јавноста. Не сакам да верувам дека има вистина во тоа, бидејќи тоа секако би се косело со партискиот став според кој граѓаните самите треба да одлучат како ќе постапат на 30 Септември. Дополнително, еден таков тивок бојкот трајно би го наруши имиџот на партијата во јавноста и пред се пред меѓународната заедница која деновиве испрати силна порака дека ниту ВМРО ДПМНЕ, ниту било кој друг, не треба на било кој начин да го поткопува референдумскиот процес, а најмалку тоа да го прави задскриено, преку некакво заплашување на граѓаните по месните комитети дека ќе сносат последици доколку излезат да гласаат на референдумот. Членовите на партијата треба да знаат дека има голем број сегашни и поранешни функционери кои ќе излезат да го остварат своето право на глас на 30ти септември, и со тоа ќе бидат во рамките на партискиот став.

Фактор: Кој е вашиот личен став, дали вие ќе го подржите референдумот?

Богданов:Јас уште на состанокот на Извршниот Комитет го изложив својот став во насока дека партијата треба да ги повика членовите масовно да излезат на референдум и да гласаат согласно своето убедување за или против Договорот. Јас лично ќе излезам да гласам. Треба да се има во предвид историската важност на овој референдум, кој несомнено отвора една нова перспектива за сите нас кои живееме тука. Остануваат уште десетина дена. Пораките од нашите пријатели и сестрински партии ги чувме. Ги слушнавме и аргументите против договорот. За жал, сеуште никој не успева да понуди сериозна и реална алтернатива на самиот Договор, ниту пак успева да понуди соодветна алтернатива на членството во ЕУ и НАТО. Доколку остане така и во наредниот период, едноставно ќе нема друга опција освен да се подржи договорот со сите концесии направени од македонска страна, пред се заради огромниот влог кој го носи со себе, а тоа е отворање на портите кон ЕУ и НАТО како државна стратегија прифатена од огромен број на македонски граѓани.

Фактор:  Имате ли реални сознанија како размислува членството?

Богданов:Според моите сознанија, членството е поделено. Дел од членовите размислуваат да излезат и да го подржат договорот, особено членовите од урбаните средини и поголемите градови. Другиот дел се на мислење дека треба да излезат и да гласаат против договорот, најмногу поради направените концесии од македонската страна, и притоа се на размислување дека може да се постигне подобар договор во блиска иднина. И, секако дел се за бојкот на гласањето, од различни убедувања.


Р.Ф


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури