23 Ноември, 2024
0.0302

Интервју со Кристијан Трајковски: Со отчетност и одговорно работење може да го изградиме секој капитален проект во државата

Објавено во: Економија 25 Март, 2021

Добивај вести на Viber


Како клучни промени кои во изминатиот период ги постигнавме се подобрувањето на ликвидноста на друштвото, реализацијата на проектот за социјални станови со Развојната банка на Европа кој има исклучително значење за државата како и спроведувањето на планот на поделба на ЈП за станбен и деловен простор со кој сите недвижности со кои стопанисува АДИССДП ќе се стекнат со имотен лист и на тој начин вредноста на компанијата ќе се зголеми, вели Кристијан Трајковски, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката АДИССДП.

Трајковски: Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, претставува правен следбеник на поранешниот Фонд за изградба и уредување на градежно земјиште, кој по големиот земјотрес во далечната 1963 година во Градот Скопје е основано како правен субјект кој имал за цел обновување и изградба на Градот Скопје. Во изминатите години Акционерското друштво претрпело повеќе структурни и организациски промени со цел проширување на својата дејност и прилагодување на моделите на трговски друштва согласно пазарната економија. Друштвото по својата дејност, организација како и обемот на работа по многу нешта се разликува од останатите градежни компании и тоа: преставува регулатор на пазарот на станбениот и деловниот простор, претставува најголем државен инвеститор кои што се занимава со изградба на комерцијални и социјални станови, изградба на комерцијален деловен простор наменет за продажба, изградба на простор за потребите на државата, стопанисува со станбениот и деловен простор сопственост на државата итн., но она што го одвојува најмногу од останатите компании е токму изградбата на социјални згради наменети за лицата кои спаѓаат во групата на социјално ранливи категории што во основа преставува голем удел во општествена одговорност кон нашите сограѓани.

Од Вашето доаѓање на чело на АДИССДП во 2017 година, оваа компанија доживеа целосна трансформација. Која е Вашата лична мотивација да ја прифатите позицијата генерален директор?

Трајковски:Да,АДИССДП во голема мера се трансформира и сѐ уште е во фаза на големи промени и развој кој ќе претстои во наредниот период пред сѐ во доближувањето на компанијата кон граѓаните во улога на нивен сервис и решавање на сите оние проблеми со кои се соочуваат, а кои се од делокругот на нашето работење. Личната мотивација пред сѐ ја гледам во успешното работење на друштвото како и во реализација на проектите кои се зацртани на краток и долг рок, но најмногу од сѐ ја гледам во желбата за трансформација на друштвото во една голема компанија која гради за потребите на државата посебно за потребите на социјално ранливите категории. Посебна мотивација гледам кога со нашите планови и акциски чекори успеваме да ја движиме рамо до рамо со современи трендови. На пример,  клучна цел која во наредниот период ќе ја реализираме е целосна дигилитализација на нашите услуги или поточно изработка на сопствен катастар на сите недвижности со кои располага оваа компанија кој ќе овозможи непосреден увид на нашето работење од страна на граѓаните. Како прв чекор, во изминатиот период овозможивме попријателски пристап на нашата веб странаadsdp.com.mk за сите наши закупци да имаат увид во нивната финансиска состојба како и во плаќањата на нивните фактури за закуп.

Кои се трите клучни промени кои ги спроведовте со кои ја постигнавте посакуваната трансформација во АДИССДП?

Трајковски: Со цел да се направи трансформација во една компанија, особено ако се работи за компанија обременета со потешкотии во работењето и долгови, потребно е многу време и целосно ангажирање како и посветеност на работењето од една страна, но и спознавање на сите проблеми со кои се сочува истата таа компанија. Потребно е да изградите сериозен менаџмент информационен систем од кои директно зависи носењето на добрите деловни одлуки. Како клучни промени кои во изминатиот период ги постигнавме можам да ги наведам следните: подобрувањето на ликвидноста на друштвото, реализацијата на проектот за социјални станови со Развојната банка на Европа кој има исклучително значење за државата како и спроведувањето на планот на поделба на ЈП за станбен и деловен простор со кој сите недвижности со кои стопанисува АДИССДП ќе се стекнат со имотен лист и на тој начин вредноста на компанијата ќе се зголеми. Но овде би сакал да истакнам дека можеби најголемата трансформација во работењето на АДИССДП е управувањето со човечките ресурси на компанијата, посебно во делот на индивидуална мотивација на секој вработен поединечно да ја доживеат компанијата како свој дом и да се грижат за имотот и добрата како добар домаќин вложувајќи го целокупното свое знаење и способности со цел да се постигнат успешни резултати од секој од својата работна позиција што неминовно ќе доведе до успех на целата компанија.

Колкава улога за една компанија има изреката „вистински луѓе на вистинско место во вистинско време“?

Трајковски: За една компанија воопшто да доживее успех и напредок во своето работење споменатата изрека има клучна улога. Лично верувам дека е неминовен успехот доколку луѓе кои се квалификувани, искусни и со визија во работењето се наоѓаат на клучни позиции.

Но според мене оваа изрека да стане реалност менаџерот треба да поседува две клучни крактеристики  и тоа животен став за несебичност, посветеност и став за  грижа кон заедницата. И двете особини несомнено го прават менаџерот да биде посветен и успешен во работата.

Вашата визија е АДИССДП да стане препознатлив бренд. Кои се Вашите клучни лични вредности, кои ги внесовте во АДИССДП за полесно да ја остварите својата визија?

Трајковски: Во изминатиот период, од 2017 кога јас дојдов на чело на Акционерското друштво, се обидов јасно да ги промовирам вредностите на чесност, отчетност, транспарентност, одговорно домаќинско работење, почит кон секого и кон дадениот збор,  кои не само што ги препознаваат вработените туку и граѓаните, соработниците, доверителите, партнерите, инвеститорите и донаторите.

Мојата визија за Акционерското друштво е во наредниот период тоа да прерасне во мултинационална компанија која ќе стопанисува со имот во земјата и во странство, и притоа ќе биде двигател на урбаното живеење во нашето општество. Во однос на втората визија пред сѐ мислам дека АДИССДП треба да се занимава со изградба на градежни комплекси не само за колективно домување туку и на индивидуално домување во чиј склоп ќе се наоѓаат трговски центри, здравствени и образовни објекти како и други содржини кој го зголемуваат квалитетот на живеењето воопшто.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија