20 Април, 2024
0.0261

Интервју со Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП

Солтер: Во Прилеп се произведуваат најпопуларните цигари во светот

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Тутунскиот комбинат од Прилеп го зголеми пазарниот удел, се разви во модерна и ефикасна фабрика, се раздолжи и ја подобри инфраструктурата во последните четири години колку што се заедно со Филип Морис, вели Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП. Тврди дека тоа стратешко пратнерство ги исполнило очекувањата. Во интервјуто Солтер одговара и за тоа кога се очекува IQOS да стасаат на македонскиот пазар.

Солтер: Создадовме нова формула на стратешко партнерство што верувам дека ќе претставува репер за многу бизнис соработки и деловни релации. Заедничката компанија претставува спој на традицијата и експертизата на двата ентитети. Секој има прецизно дефинирани обврски и задолженија создадени соодветно на експертизата, знаењето и потенцијалите на секој од ентитетите. Денес, овој пристап донесе многу позитивни резултати како што е зголемување на пазарниот удел, развој на ТКП во модерна и ефикасна фабрика, раздолжување со старите долгови, влегување во позитива, подобрување на инфраструктурата и создавање на тим што има голем успех. Новоформираната компанија практично ги обедини силните страни на двете компании и создаде успешно вмрежување на позитивните вредности од што и двете компании имаат корист. Тоа е исполнување и надминување на очекувањата на сите страни инволвирани во оваа единствена цел.

Тоа што Philip Morris International толку долго е присутен во Македонија од своја страна зборува и за предностите на земјата во однос на тутунопроизводството и практиките кои се применуваат тука. Што точно тоа значи?

Солтер:Македонија важи за земја производител на високо квалитетен тутун. Тутунопроизводството е една од најзначајните и највредните инпути во економските показатели на земјата. Над 40.000 семејства живеат од оваа земјоделска гранка. Има солидна законска регулатива и е добра за развој на тутунската индустрија. Затоа и видовме потенцијал на овој пазар. Филип Морис Интернационал е најголем откупувач во Македонија со повеќе од 30 проценти од вкупното производствонаменето за извоз. Истовремено развиваме концепт на локално производство преку локални фабрики. И овој концепт и практика се покажа како многу успешен. Филип Морис применува високи стандарди, строги правила и е пример за трансфер на своите вредности и знаења на локалните компании како Тутунскиот комбинат Прилеп. Остварените резултати во овие четири години се најдобар доказ дека потегот беше вистински.


По Честерфилд и Бонд Стрит, од најквалитетниот тутун во Прилеп се произведува Marlboro Core 7.0. Дали квалитетот на овие цигари е идентичен со Марлборо произведено во која било друга земја?

Солтер: Марлборо е една од најпознатите трговски марки меѓу сите производи за широка потрошувачка и е светски број еден меѓународен бренд за цигари од 1972 година. Имаме најпродавана меѓународна цигара речиси половина век, благодарение на посветеноста на PMI за одржување највисок квалитет на своите производи. Со тоа, довербата дадена од потрошувачите е гарантирана и оправдана. Покрај знаењето и искуството во индустријата, и тоа на глобално ниво, за производството на новите формати ја донесовме и технологијата и современа машина. На тој начин создадовме производ што ги содржи двете најважни работи за нашите клиенти - ист квалитет и ист вкус. Морам да кажам дека со процесот на модернизација кој беше спроведен во прилепската фабрика, ТКП ги исполни високите и многу строги стандарди и барања на Филип Морис за производство на премиум брендови. Работевме заеднички на ова подигнување на стандардите и горди сме што ТКП се запиша во мапата на PMI за производители на Марлборо.

 Дали има и кое е поширокото значење на овој чекор?

Солтер: Секако дека има поголемо и пошироко значење, кое излегува од бизнис плановите на компанијата, а тоа еда овозможиме во Македонија да се произведуваат врвни, висококвалитетни производи и брендови кои имаат повеќедецениска глобална традиција. Тоа значи дека Македонија може да понуди квалификуван кадар, дека применува стандарди, дека е технички и технолошки опремена да одговори на високостандардизираните барања. А мапирањето на земјата во врстата на овие селектирани производители, е простор за привлекување и на други познати производители и компании. Филип Морис ТКП, не е единствената компанија во Македонија што тука, локално создава премиум производ туку, со еден иконски бренд како Марлборо, ја проширува листата на индустрии и отвора уште поголеми можности.

Голем број пушачи во Македонија веќе знаат што е IQOS, иновативен производ на компанијата Филип Морис. Кога пушачите ќе ја добијат приликата да преминат од цигари на овој помалку штетен производ?

Солтер: PMI како компанија се развива на иновативен начин. Тутунската индустрија е сведок на големи промени и ние сме водачи на тие промени. Посветивме повеќе од декада и значителни човечки, експертски и финансиски ресурси на развојот на научни достигнувања како што е IQOS-от каконесогорливи алтернативи на цигарите. Овие производи ги нарекуваме Производи со намален ризик (Reduced-Risk Products - RRPs), а според мене, најважно е на милионите возрасни пушачи, кои од која било причина и покрај многуте рестрикции не престануваат да пушат, да им се понуди алтернатива, друга опција и избор. Нашите експерти понудија решение  во тутунски производи кои се загреваат при што се создава аеросол кој во себе во просек има 90 до 95 отсто помалку штетни и потенцијално штетни соединенија во однос на димот од цигарите. Сепак постојат многу фактори кои мораат да се исполнат за ваков производ да се појави на пазарот. Она што можам да го кажам во моментов е дека интензивно работиме на прилагодување, како на нашата организација, така и на надворешните фактори за да можеме што побрзо да ја понудиме оваа помалку штетна замена за цигари.

Како компанија предводник сте и на полето на општествената одговорност, пред се во однос на обемноста на донациите. Каде вложувате и која област е ваш приоритет?

Солтер: За нас општествената одговорност е повеќе од само давање на заедницата, тоа е систем на вредности преку кој се обидуваме да поттикнеме и помогнеме во создавање на концепт на одржливост во кој било домен или поле. Врз снова на тој систем на вредности веруваме дека образованието и здравата одржлива економија се сржта на секое модерно и цврсто поставено општество и просперитетна заедница. Така, еден од нашите приоритети е образованието бидејќи тоа е исклучително важно за секоја заедница и од него зависи иднината на секоја земја. И не треба да сме астрофизичари или генијалци да разбереме дека образовани деца израснуваат во образовани млади, а тие пак во образовани и висококвалификувани вработени. Нашата последна инвестиција од тој вид беше во средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко во Прилеп, во која инвестиравме 80.000 долари во реновирање и оформување на специјализирани школски електротехнички лаборатории. Покрај тоа, соработката е проширена со тоа што учениците ќе можат да посетуваат пракса во ТКП. Во ова училиште се изучува електротехничка и машинска струка, што е поттик за стопанството во целост а за ТКП ова е начин да обучува кадри кои во иднина ќе можат да станат дел од колективот на фабриката. А во контекст на тоа, го имавме и проектот „Моја идеја Мој бизнис”, чија цел беше да ја намали невработеноста и да им помогне на младите лица до 35 години од Пелагонискиот регион да ги остварат своите соништа преку отворање нови бизниси, како и преку наградување на 7 студенти, избрани на студентски натпревар, преку помош во нивното образование. Тоа се тие вредности што сакаме да ги пренесеме и наметнеме, тука е суштината и вистинската големина на општествено одговорните практики.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга