23 Ноември, 2024
0.0301

Интервју со Владимир Николиќ: Лајкамобајл ќе го зголеми пазарното учество до десет проценти

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во изминативе две години успеавме да се етаблираме како доверлив и сигурен давател на мобилни комуникациски услуги на македонскиот пазар, со продуктно портфолио, кориснички пристап и пазарен настап кој е поразличен од останатите на пазарот, вели во интервју за Фактор Владимир Николиќ, директор за регион Балкан и генерален менаџер за Македонија на Лајкамобајл. Лани компанијата има 2,85 проценти учество во вкупниот број претплатници. Николиќ вели дека набрзо уделот во припејд сегментот ќе го зголемат до 10 отсто и покрај тоа што во земјава пазарот е, како што вели, прекумерно поларизиран односно концентриран околу двата доминантни мобилни мрежи оператори.

Успеавме да го стабилизираме работењето и покрај супер конкурентниот пазар со два доминантни мобилни мрежни оператори. Конкретно, имаме раст и на финансиските показатели, но во оваа фаза од нашиот развој фокусирани сме пред се на инвестициите насочени кон значителното јакнење на брендот и зголемувањето на свесноста за Лајкамобајл кај корисниците на мобилни услуги. Истовремено, уверени сме дека секогаш може и подобро, па ќе го искористиме моментумот за понатамошно зголемување на нашите пазарни активности, што со сигурност ќе резултира во раст на пазарните удели и што е уште позначајно во раст на задоволството кај нашите корисници. 

Како го оценувате вашиот продор на овој пазар, според податоците за лани, Лајкамобил има 2,85 проценти учество во вкупниот број на активни претплатници во мобилната телефонија, но помалку од половина процент удел во приходите во мобилната телефонија.

Секако дека значително не радуваат овие скоро 3 проценти пазарен удел од севкупниот пазар или двојно повеќе процентни поени удел во припејд сегментот на мобилната телефонија. Ние сме особено посветени во најскора иднина да продолжиме со зголемувањето на уделот во овој сегмент за да достигнеме и до 10 проценти учество. Сепак, на место е вашата забелешка дека имаме незначителен удел во приходите во мобилната телефонија. Главната причина ја гледаме во тоа што пазарот е прекумерно поларизиран односно концентриран околу двата доминантни мобилни мрежни оператори. Поради нивната големина како оператори со значителна пазарна моќ бариерите на таканаречен „мрежен ефект“ се навистина големи, па истите не може да се премостат едноставно и за краток период, при што тука особено е потребна соодветна поддршка и од релевантните институции на државата кои се одговорни за создавање услови за конкурентност и за одржување на истите. Од овој аспект ние сме на цврста определба да продолжиме да нудиме атрактивни мобилни услуги по многу прифатливи цени, нешто што корисниците се повеќе го препознаваат, на основа на што очекуваме се повеќе корисници да стануваат дел од Лајка семејството и што ќе придонесе за посериозен раст на реализираните приходи. Овие приходи како и до сега, ќе настојуваме значително да се одлеат назад на пазарот со цел да го одржимие нивото на квалитет на услугите кое го бараат корисниците.

Сепак забележлив е континуиран раст. Какви се вашите очекувања во однос на растот на довербата на граѓаните кон услугите кои ги нудите?

Сведоци сме на дневна основа околу растот на довербата. Како пример би можел да го издвојам фактот што се поголем број на корисници се одлучуваат во мрежата на Лајкамобајал да го префрлат својот постоен мобилен број заедно со префиксот. За истото Лајкамобајл ги наградува корисниците со бесплатен кредит по префрлањето на бројот. 

Нашите корисници се повеќе ги гледаат предностите од тоа што се дел од една глобална групација. За издвојување е и тоа што корисниците се повеќе ја доживуваат Лајкамобајл како мобилен оператор, без да придаваат значење на тоа што фигурираме како мобилен виртуелен оператор, бидејќи Лајкамобјал секаде работи како целосно независен давател на мобилни комуникациски услуги од корисничка гледна точка, односно делуваме засебно и различно од други мрежи, било тоа да се мрежни оператори или виртуелни мобилени оператори.

Она што е одлучувачки за корисниците при нашиот избор сметаме дека се темели на тоа што нудиме разни поволности во понудите на припејд основа, како и немањето договорни обврски со нас во споредба со постпејд опцијата што често пати може да биде скапа и сложена за корисниците. Еден пример во таа насока е и воведувањето на бесплатна достава на СИМ картички до адресите на живеење или работа на нашите корисници.


Кои се предностите кои ги имате и какви услуги им нудите на граѓаните во однос на другите два доминанти оператори?

Од своето основање во 2006 година, Лајкамобајл се етаблира како вистински интернационален бренд, чија примарна цел е да ги поврзува корисниците со нивната фамилија и пријатели. Со оглед на големината на Лајкамобајл како светски најголем мобилен виртуелен оператор, денес ние сме во можност да им понудиме на македонските граѓани далеку најисплатливи мобилни услуги на пазарот.

На нашите корисници во Македонија им нудиме ценовно конкурентни неделни и месечни пакети кои содржат неограничени повици и смс пораки и изобилство од вклучени гигабајти Интернет.  Воедно, нашите корисници добиваат уникатна можност да користат бесплатни неограничени повици кон секој од над 15-те милиони корисници на Лајка мобилен број во дури 25 земји во светот и неверојатно конкурентни цени за меѓународните повици кон било кој телефонски број во странство.

Ние овозможуваме неограничена слобода и феклсибилност корисниците да го менуваат својот тарифен план секоја недела или секој месец, во зависност од нивните моментални желби, потреби за конкретни услуги и за контрола на месечниот трошок. Иделен пример за ова е можноста за активирање на повеќе различни месечни или неделни тарифни планови одеднаш. Така на пример корисникот може да го искомбинира нашиот топ селер месечен пакет Lyca Maxi кој нуди неограничени разговори и 5GB Интернет и истовремено да додаде уште 5GB преку активација на нашиот DATA XL пакет,  со што корисникот ефективно би имал 10 GB Интернет и неограничени разговори и пораки кон сите национални мрежи за 748 МКД месечно. Следниот месец изборот на пакет или комбинација на пакети на истиот корисник би можел да биде сосем поинаков, во зависност од расположливиот буџет на корисникот, односно неговите моментални потреби, па може да активира одреден поинаков пакет или пакети со поволности согласно потребите за тој месец. Секако, вреди уште еднаш да се потенцира дека во било која комбинација корисниците можат да користат бесплатни и неограничени меѓународни разговори, со што повиците кон странство ги правиме поедноставни и подостапни за секого.

Имате околу два проценти учество во вкупниот број корисници кои користат интернет но и над два отсто учество во вкупниот остварен сообраќај на интернет преку мобилен. Како ќе растете во овој сегмент?

Се поголемата потреба кај корисниците за податочни интернет услуги, како и трендот на јавување преку интернет којшто добива на се поголема популарност, стануваат наши примарни цели при настапот пред корисниците. Од тука, секогаш бараме начини да ја зголемиме количината на интернет сообраќајот вклучен во нашите понуди, а повторно со цел да осигураме понуди со најконкурентни мобилни услуги. 

За издвојување е дека во моментов имаме атрактивни интернет недели и месечни пакети и тоа по најприфатливи цени. Многу скоро работиме на тоа да овозможиме и дополнителни „дата“ поволности за нашите корисници, и тоа особено за оние лојалните и оние кои сакаат да ни се придружат, преку додавање на бонус вклучен интернет, можност за трансфер на неискористениот интернет во следниот период на претлата (неделен или месечен) и така натаму.

Дополнително и со оглед на нашата целосна техничка подготвеност, до крајот на годината очекуваме конечно подобрување на пазарните околности со цел да се здобиеме со можност да понудиме и податочни мобилни услуги од четрврата генерација (4G – LTE), што со сигурност ќе ги подобри нашите показатели за остварен сообраќај на интернет преку мобилен уред и за бројот на корисници кои користат мобилен интернет.

Конечно, на овој начин уверени сме дека ќе ја зголемиме и нашата конкурентност во овој сегмент од нудењето на мобилни услуги.

Планирате ли некои нови услуги, соработки со кои ќе го зголемите учеството на пазарот?

По примерот и позитвните искуства на нашите делувања во поголемите западни земји, како Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Австралија и САД, се повеќе  размислуваме и во Македонија да ја воведеме нашата услуга ‘Phoneshop’ со цел корисниците да имаат можност да купуваат и мобилни уреди од нас со опции за финансирање на истото. Ова би го реалзирале заедно и со нудење на посебни тарифни модели наменети за конкретни таргетни групи на корисници. Тука е и нашата добро позната услуга „Feel Like Home“ на чие техничко овозможување работиме во моментов. Оваа услуга ги неутрализира високите роаминг трошоци така што кога наш корисник ќе биде во било која друга Лајка земја надвор од Македонија, истиот поприма карактеристи на национален корисник на таа земја и може да користи било која атрактивна национлна тарифа за разговори и/или Интернет што е важечка за Лајка корисниците во таа земја, со што ќе се чувствува како да е дома.

Секако, во насока на натамошно ширење на продуктното портфолио, во изминатиов период од повеќе месеци имавме и засилена комуникација со неколку алтернативни домашни оператори кои се веќе даватели на пакети на услуги од телевизија, интернет и телефонија на фиксна локација. Ова пред се поради фактот што ја препознаваме потребата од комплементарност при делувањето на пазарот со цел секоја од страните да биде во можност да понуди заеднички услуги вклучително и мобилни разговори и мобилен интернет и тоа на една сметка и со еден претплатнички договор. Истото очекуваме со сигурност да биде реализирано и уверени сме дека ќе наиде на големо задоволство и прифаќање од страна на корисниците.

Телекабел најави дека наскоро станува четврт мобилен оператор. Има ли простор на пазарот за влез на нови компании, како гледате на конкуренцијата, но од друга страна и како е регулиран овој пазар?

Постои една изрека која вели дека ако си делотворен во даден сегмент на делување, тогаш конкуренцијата нема да те плаши, туку ќе те направи подобар. Ние сме свесни за тоа дека сите чинители на пазарот пред се работиме за тоа корисниците да имаат повеќе можности и да бидат позадоволни од користењето на телеком услугите, па ќе остане на самите корисници да одлучат кој давател на услуги е најдобар за нивните потреби и нивниот буџет предвиден за тоа. Затоа, секој новопојавен оператор што ќе се обиде да воведе новина со цел подобрување на корисничките услови ќе се одрази само позитивно и на останатите оператори.

Од друга страна, треба да се има во предвид тоа што Лајкамобајл е светски етаблиран фактор во пазарот на даватели на мобилни услуги и со поддршката што ја имаме од Лајкамобајл групацијата која веќе работи во 25 земји (од кои следна ќе биде Србија), сметаме дека секогаш ќе бидеме во можност соодветно да се разликуваме од конкурентите кои ќе бидат активни примарно на националните пазари. 

Околу прашањето дали има простор на овој пазар, претпоставуваме дека одговорот треба да се бара и во причините зошто во минатото имаше повеќе неуспешни обиди за појавување на нови играчи на пазарот и во тоа што два мобилни мрежни оператори се споија со цел да постигнуваат подобри перформанси. Ова особено се рефлектира на пазарите кои се со помал обем како пазарот во Македонија, во споредба со пазарите на пример од западна Европа каде перформансите на Лајкамобајл се значителни, што дава поголема основа за постабилен настап во однос на доминантните оператори. Од тука, за да им се овозможи на предизвикувачите на доминатните играчи на пазарот шанса за фер „натпревар“, неопходен е постојан надзор и мониторинг од страна на регулаторите, како и нивна проактивна ангажираност да ги креираат условите во кои појавувањето на нови и алтернативни опратори ќе биде олеснето, а воедно по навремено ќе ги санкционираат сите тековни анти-конкуретнски делувања доколку ги има. Во таа насока, со оглед на тоа што мобилните пазари се доста динамични и постојано се менуваат поради променливите барања и технологии, ние сме уверени дека македонските регулаторни тела се во процес на постојана анализа на пазарните состојби и активно ги следат овие промени, па доколку се утврди причина истите ќе бидат во можност да реагираат за да осигураат пазарот да биде конкурентен, а со крајна цел да им се обезбедат на корисниците најдобри можни услуги. 

Александра Томиќ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание