ИНТЕРВЈУ ТОНИ ТРАЈАНОВ ОД МКБ: Им нудиме единствена можност на бизнисите за заштита на деловното работење со донесување на сигурни одлуки
Објавено во: Економија 22 Март, 2021
Во деловниот свет
и корпоративното работење постојано секој од нас се соочува со одредени
предизвици во работењето. Особено изминатата година беше навистина тешка за
секоја компанија, но и за физичките лица. Предизвикот со корона вирусот, и
глобалната пандемија, го пореметија комплетно начинот на функционирање, а со
сето тоа го променија и финансиското работење на секој од нас.
За таа цел зборуваме со господин Тони Трајанов, Извршен член на Одборот на директори и Главен извршен директор на Македонско кредитно биро АД Скопје. Зборуваме на теми кои со сигурност ќе влијаат на подобрување на крвната слика на компаниите во работењето, кредитната способност, стабилноста и развојот, а со цел да им се овозможи на корисниците безбедно деловно опкружување и сигурно чекорење низ процесот на деловното одлучување и унапредување на работењето.
Се наоѓаме во време на пандемија и глобална криза, кога голем број на компании имаат потешкотии во своето работење. Колку Македонското кредитно биро како прво и единственo кредитно биро може да им помогне на компаниите во ова време на глобална криза и пандемија?
Трајанов: Изминатата година беше навистина предизвикувачка буквално за секој од нас, соочувајќи се со нешто непознато, кое ни го промени нормалното функционирање и живеење. Она што моравме да го направиме беше веднаш да се адаптираме и да бараме начин како да ја минимизираме неизвесноста и последиците од кризата да ги сведеме на минимум. Како единствено кредитно биро во нашата држава, како и досега, и во овие исклучително неизвесни мигови, излеговме спремни и ја оправдавме дадената доверба. Во вакво неизвесно деловно окружување, токму услугите за обврските кои ги нуди Македонско кредитно биро, во форма на извештаи и информациите содржани во истите, на компаниите им нудат детален увид на обврските односно задолженоста, можност за редуцирање на ризикот во деловното одлучување и трасирање на патот кон успехот.
На кој начин Македонското кредитно биро им овозможува на компаниите и на физичките лица да се чувствуваат посигурни и побезбедни во деловното работење?
Трајанов: Целта на МКБ е да им овозможи на физичките лица и компаниите достапност до податоци за нивната задолженост и редовност во подмирување на обврските, а со самото тоа да се чувствуваат и побезбедни во работењето со поголема стабилност и сигурност. Извештаите на МКБ се целосни, единствени и максимално точни со детални податоци за обврските на лицата и тоа: обврски по основ на кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги. Со помош на овие податоци во извештаите, субјектите може да спречат евентуално презадолжување и намалување на ризиците во деловното работење.
Како компанија, вашите извештаи за кои говорите можат значително да ги намалат ризикот и енергијата во работењето. Кои се придобивките со кои можат да располагаат корисниците на истите?
Трајанов: Придобивките од користењето на услугите на МКБ се огромни.
Еден од најзначајните наши производи е Сопствениот извештај за физички и правни лица, преку кој добиваат увид во личната задолженост со детали за секој вид на обврска, од каде потекнува обврската, износ на обврската, денови на доцнење во подмирување на истата, како и историја на доцнење на секоја обврска поединечно. На тој начин, можат да спречат презадолжување и да избегнат дополнителни трошоци.
Исто така, би сакал да напоменам дека еден од поновите продукти кој МКБ го понуди на пазарот за нашите компании е т.н. Корпоративен-бонитетен извештај. Овој извештај на компаниите им овозможува да извршат претходна проверка на задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските на своите сегашни и идни партнери со што се намалува ризикот во деловното работење преку селекција на вистинските клиенти и соработници.На тој начин добиваат можност да го заштитат сопствениот бизнис и да донесат подобри деловни одлуки.
Бонитетот
и извештаите на компаниите се круцијални. Можете ли малку повеќе за нив?
Трајанов: Во деловниот свет, бонитетот на сегашните и идните соработници е од круцијално значење за носење на успешни деловни одлуки и намалување на ризикот.Корпоративниот-бонитетен извештај во себе содржи индикатор за финансиската стабилност на компанијата, информации за задолженоста и редовноста во измирување на обврските, детални податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време, тековна состојба и годишни сметки на правните субјекти за последователни три години.Извештајот овозможува детален приказ на податоци со кои се оценува бонитетот на една компанија, односно нејзината ликвидност и потенцијал и можност да ги сервисира достасаните обврски во предвидениот рок.
Кај физичките лица и правните лица често доаѓа до заблуда кога ќе се спомене Македонско кредитно биро. Сите мислат дека вие одобрувате кредити. Што е навистина МКБ? И што треба луѓето да знаат?
Трајанов: Да бидам искрен и ден денеска знаат да се јават луѓе кои бараат кредити од нас. Токму тоа беше една од целите на кампањите што ги водиме, да ја запознаеме и информираме јавноста дека ние не сме институција која нуди кредити, туку ние сме огледало на сите компании и физички лица на кои им се овозможува увид во сопствената задолженост и редовност во подмирување на обврските. Како што веќе напоменав претходно, МКБ управува со единствената база на податоци во Македонија и врши собирање, обработување и размена на истите за обврските на сите правни и физички лица со цел добивање на извештаи за задолженоста и редовноста во измирувањето на истите.
Корисници на услугите на МКБ може да бидат бидат сите физички и правни лица во земјата. Согласно Законот за кредитно биро, точно е формулирано кој може да биде корисник и тоа: давателите на податоци кои имаат склучено договор со МКБ за доставување на податоци (сите банки, штедилници, финансиски друштва, лизинг компании, други даватели на кредити, осигурителни компании, телекомуникациски оператори, физички лица кои не се трговци и правни лица кои влечат извештаи за проверка на бонитет на други правни лица); субјектите на податоци (сите физички и правни лица кои сакаат да ја проверат сопствената кредитна задолженост и статусот на трансакциска сметка), како и Кредитни бироа или субјекти од други земји кои прибираат, обработуваат податоци за обврските и други видови на податоци и изготвуваат извештаи за субјектите на податоци, со кои МКБ има склучено договор.
Финансиските институции кои нудат кредити и други типови на заеми ги користат нашите извештаи за проверка на кредитоспособноста и солвентноста на апликантот, заради намалување на ризикот при кредитното одлучување. Во исто време, МКБ претставува сервис и партнер на физичките лица и компаниите, а тоа е возможно пред да аплицираат за кредити или други заеми, да повлечат Сопствен извештај за личните обврски, при што ќе добијат информација дали се кредитоспособни. Со ваквиот партнерски однос се делува превентивно за да не дојде до нивно презадолжување.
За една успешна компанија, многу е значајно истата да има увид во промените во статусот и состојбата на обврските на клиентите, односно да ја користат алатката за Мониторинг. Кои се придобивките од користењето на Мониторинг услугата?
Трајанов: Станува збор за напредна алатка, која им овозможува на компаниите редовно следење и информирање за промените во состојбата на обврските на нивните клиенти, на дневно ниво. Ваквата услуга на компаниите им нуди единствена можност за рана детекција на промените во статусот на клиентите и можност да ги предвидат проблемите во работењето, а со самото тоа и да преземат конкретни и навремени акции за заштита на својата компанија од ризично работење.
Многу од нас се нашле себеси во непријатна ситуација кога поради некои минати, заборавени обврски ни биле блокирани трансакциските сметки, па сме се прашувале зошто и како е можно. Како на најбрз и детален начин може да се провери која банка нè блокирала и кога?
Трајанов: Морам да се сложам дека неинформираноста за своите обврски, знае да доведе до несакани проблеми кај секој нас. Но, затоа МКБ е тука! Она што би сакал да ги посоветувам сите физички и правни лица дека во МКБ покрај Сопствен извештај кој нуди увид во личната задолженост и редовност во подмирување на обврските, може да побараат и Извештај за блокада на трансакциска сметка. Извештајот содржи податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време кои се добиваат од Единствениот регистар на трансакциски сметки во моментот на генерирање на истиот. Доколку постои блокада, наведени се податоци за континуирани денови на блокада, вкупен број на блокади и вкупен износ на блокади со детали за секоја блокада поединечно и тоа: број на предмет за блокадата, во која банка е блокадата, број на сметка, износ на блокадата, основ на блокадата и датум и време кога е извршена блокадата.
Голем број на македонски фирми имаат меѓународна соработка со партнери, клиенти, добавувачи од целиот свет за кои секако, постои деловен ризик бидејќи се работи за странски компании за кои немаат бонитетни информации. Како Македонското кредитно биро може да им помогне во добивањето на повеќе информации за меѓународните компании?
Трајанов: Посветени на континуирано унапредување на работењето и услугите за своите клиенти, во 2016 година, склучивме договор за соработка со Италијанското кредитно биро CRIF S.p.A, со што преку МКБ може да се добијат информации, односно извештаи за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји ширум светот. Информациите ги пласираме во форма на меѓународни извештаи и со тоа на нашите клиенти им нудиме единствена можност да го намалат ризикот во соработката со сегашните или идните партнери од странство. Тоа значи дека македонските компании може да добијат Меѓународен извештај за било која компанија во било кој дел од светот. Со тоа им се овозможува на правните субјекти пред да отпочнат соработка со странската компанија да добијат информации за бонитетот на истата, со што драстично се намалува ризикот во деловното работење и им се овозможува да стапат во деловен однос со идните соработници на послободен начин со поголем број на информации.
За крај, покрај големата лепеза на услуги и продукти за кои што зборувавме, кои се вашите планови и цели за во иднина, и што е она што можат компаниите и физичките лица да очекуваат?
Трајанов: Нашите развојни планови се насочени кон подобрување и унапредување на целокупното работење и на сите услуги. Грижата за нашите корисници да добијат квалитетни, брзи и сигурни услуги е наша примарна цел. Со новата маркетинг стратегија оваа година, како и изминатите години започнавме нова кампања со која сакаме да ја поттикнеме и зголемиме свеста кај компаниите и физичките лица. Преку оваа кампања под наслов “Биди во тек, менаџирај успешно”, како и преку останатите планови на МКБ во наредниот период целта е да продолжиме да бидеме прв избор на компаниите и физичките лица, да се осознае што повеќе за улогата и значењето на МКБи за нашите производи и услуги, како и потребата од истите. Остануваме да бидеме нивни сервис и партнер!
Битно е да се напомене дека сите услуги и производи кои ги нуди МКБ се достапни во секое време и од секое место преку дигитален пристап на порталот МОЈ.МКБ, без да имаат потреба да доаѓаат физички во просториите на МКБ.
Брзиот и модерен начин на живот подразбира и потреба од брз и едноставен пристап до производи и услуги, поради што еден од следните проекти на МКБ е воведување на мобилна апликација за користење на извештаите со современ систем за автоматизирана автентикација, со што ќе се олесни и забрза пристапот кон целокупниот асортиман на услуги.
Како еден од покрупните проекти кој се планира да се воведе е сегментирање на базата на податоци, особено во делот кај проверките на правни лица, со цел поедноставно да се добијат податоците и со помал трошок за корисниците.
Нашата цел и мисија е подигнување на нивото на финансиска свесност кај граѓаните и компаниите да ја увидат корисноста и бенефитот во благовремената информираност за сопствените обврски и статус на сметка, се со цел да не дојде до презадолжување и оптеретување на нивниот буџет.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.