26 Ноември, 2024
0.0299

ИНТЕРВЈУ ТОНИ ТРАЈАНОВ, ДИРЕКТОР НА МКБ: Со вистински информации до сигурен и успешен бизнис

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Македонското кредитно биро на 24 декември одбележа 15 години од своето постоење. Оваа институција има огромно значење за функционирањето на кредитната индустрија во државата, со исклучителна важност за стопанството и граѓаните, а со тоа и за економија генерално. Токму овој јубилеј е повод за разговор со м-р Тони Трајанов, главен извршен директор на МКБ

На самиот почеток, во кратки црти, претставете ја пред граѓаните институцијата со која раководите, која е нејзината улога и значење?

ТРАЈАНОВ: Македонското кредитно биро претставува важна алатка во функционирањето на кредитната индустрија и ние како институција управуваме со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци и обврски за правните и физичките лица со цел обезбедување на сигурни и проверени информации за задолженоста и редовноста во подмирување на обврските. Со тоа МКБ придонесува за зголемување на финансиската дисциплина во подмирување на обврските, значително намалување на доцнењето во подмирување на обврските, спречување на презадолженоста на правните и физичките лица, а истовремено на корисниците на услуги им нуди и единствена можност да ја зголемат наплатата на своите побарувањa. Во услови на бројни турбуленции, предизвикани од светската економска и енергетска криза, глобалните геополитичките случувања, кои имаат свое влијание и врз намалената куповна моќ на граѓаните, отежнати деловни односи кај фирмите и правните субјекти, токму точноста и моќта на податоците со кои располага МКБ, имаат суштинска улога за справување со предизвици и осмислување и креирање на иднината.

15 години МКБ Моќта на вистинската информација!

Јубилејот е секако повод да се осврнете и на минатото, на самите почетоци на МКБ, неговиот раст и развој низ годините?

ТРАЈАНОВ:  Македонското кредитно биро е основано на 24. 12. 2008 година по иницијатива и барање на Македонската банкарска асоцијација, врз основа на Закон за кредитно биро, како акционерско друштво во сопственост на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје). Од 27.01.2010 година институцијата започнува со собирање на податоци и креирање на сопствена база на податоци, а од 2011 година и со оперативно работење.

Денес, МКБ е институција, која има пред себе јасно дефинирана цел, стратегија, мисија и визија, како вистински партнер од доверба за своите корисници.

Базата на податоци на МКБ денес е најголема и единствена во нашата држава и брои близу 6 милиони податоци за обврски на над 1.700.000 физички лица и за повеќе од 90.000 правни лица во Македонија.Kако доставувачи на овие податоци се јавуваат сите банки, штедилници, финансиски друштва, друштва за финансиски лизинг, други даватели на кредити, Управата за јавни приходи, Централниот регистар на Република Македонија,Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, градот Скопје и единиците на локалната самоуправа, давателите на услуги од областа на комуналните дејности, енергетиката и телекомуникациите и други правни лица кои даваат услуги по основа на кои настануваат обврски за правните и физичките лица.

Кои видови на услуги ги нудите за вашите клиенти?

ТРАЈАНОВ: Согласно сопствените потреби и воспоставена деловна политика, корисниците на податоци може да избираат од широката палета на производи и услуги на Кредитното биро, кои обезбедуваат брз и лесен увид во сопствениот статус на финансиските долгови. Од извештаите за физички лица се издвојуваат: Сопствениот извештај за физички лица, Извештајот за блокада на трансакциска сметка, АСИС (Алармен систем за известување на клиенти за состојбата и промените во нивното кредитно досие), а од извештаите за правни лица се издвојуваат: Корпоративен-бонитетен извештај, Меѓународен извештај, Кориснички извештај, АСИС и други.

И покрај тешката економска состојба предизвикана од пандемијата на ковид-19, во услови на енергетска криза и висока инфлација, МКБ работеше со непрекинато темпо во насока на унапредување на своето работење, со цел да им помогне на своите корисници полесно да ги совладаат предизвиците со кои се соочени. Во таа насока, беше активирана и новата услуга, апликација МОЈ.МКБ за правни субјекти, со која корисниците имаат поголема слобода во пребарувањето повеќе видови податоци и многу побрзо и поедноставно доаѓаат до потребните информации за анализа на правните субјекти.Апликацијата Мој. МКБ е дизајнирана да овозможи добивањекомплетна слика за компаниите со кои се соработува, а вклучува: основни податоци, комплетни финансиски податоци, податоци за задолженост и редовност во исполнување на обврските, капитално поврзани субјекти, податоци за вистински сопственици, блокада на трансакциски сметки, објави за стечај и ликвидација итн.

Во првиот квартал од наредната година на правните субјекти ќе им овозможиме уште една нова услуга, Мониторирање на компании, со следење на промените во тековна состојба, блокада на сметка, финансиска изложеност и стечај и ликвидација на дневна основа.

Кои субјекти се корисници на вашите услуги и која е мисијата на МКБ ?

ТРАЈАНОВ:  Нашата мисија е да обезбедиме висококвалитетни информации и услуги кои ќе им помогнат на нашите корисници да ја одржат својата ликвидност и успешно да ги контролираат можните финансиски ризици. Што се однесува до клиентите нашиот систем го користат сите банки, штедилници, финансиски друштва, друштва за финансиски лизинг и други даватели на кредити,  телекомуникациите и други правни лица кои даваат услуги по основа на кои настануваат обврски за правните и физичките лица, како и физички лица кои не се сметаат за трговци во согласност со Законот за трговски друштва. Би сакал да нагласам дека во своето работење МКБ ги применува начелата, вредностите и правилата за заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци и во континуитет презема соодветни активности за подобрување на својот систем за заштита на податоците. При размена на податоците се користи соодветна криптографска заштита и електронска автентикација, со што целосно се заштитуваат податоците да не бидат видливи при преносот.

Какви се досегашните искуства на планот на меѓународната соработка со други слични институции во светот?

ТРАЈАНОВ: Раководени од намерата да бидеме во тек со светските трендови и на своите корисници да им понудиме современи и технолошки напредни услуги, МКБ ги користи искуствата на најпознатите кредитни агенции во светот. Со цел размена на професионални искуства и знаења МКБ остварува соработка и со повеќе меѓународни институции и организации. Колку за ислустрација како резултат на успешната долгогодишна соработка што ја имаме со странскиот партнер Италијанското кредитно биро CRIF S.P.A им овозможивме на домашните компании, кои соработуваат со меѓународни партнери, да користат меѓународни бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет. Во најава е и соработка со уште една голема меѓународна институција, со што на компаниите ќе им овозможиме посеопфатни и поквалитетни услуги од овој тип.

Какви се плановите и визијата на МКБ за во иднина ?

ТРАЈАНОВ: Нашата визија е да бидеме партнер од доверба на нашите корисници со цел тие да носат сигурни деловни одлуки и успешно да ја градат својата иднина. МКБ и понатаму останува доследно на својата визија и настојувања да ги следиме позитивните светски практики. Веруваме дека со своето досегашно искуство, знаење, професионалност, и постојано негување и унапредување на партнерскиот и доверлив однос со нашите клиенти, МКБ ќе стане неизбежна алка и стандард во работењето на сите економски субјекти во нашата држава. Во овaa прилика сакам да искажам благодарност за работењето на целиот тим на МКБ, кој е составен од  вкупно 10-тина луѓе од ИТ секторот, продажба и маркетинг, правна и финансиска служба. Особено би сакал да ја истакнам и соработката и поддршката од менаџментот и вработените на КИБС, во делот на развојот и реализација на нови проекти и услуги на Македонско кредитно биро.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ