25 Декември, 2024
0.0285

Горан Василев, директор и декан на Хајделберг факултет Скопје

ИНТЕРВЈУ ВАСИЛЕВ: Бизнис советот на Хајделберг ќе овозможи стипендии и сигурна работа за студентите а спремен и обучен кадар за компаниите

Објавено во: Економија 25 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Новина во образовниот процес е формирањето на Бизнис советот на Хајделберг факултетот, насочен кон зајакнување на соработката меѓу академската заедница, студентите и бизнис секторот. На кој начин ќе се спроведува соработката и каква улога ќе игра во зајакнувањето на врската меѓу академската заедница и бизнис секторот?

ВАСИЛЕВ: Официјално формираниот Бизнис советот, во моментов се состои од дваесетина членки, реномирани компании од буквално сите индустрии, банки, не-банкарски финансиски друштва, осигурителни компании, пензиски фонд, компании од ИТ секторот, производни, градежни фирми, трговски друштва...Уште толкава бројка компании се во завршна фаза на пристапување.

Овој Совет ќе игра клучна улога во целиот концепт на дуалното образование, кое го нудиме. Сите членови на Советот, заедно со претседателот Петар Талески од САВА пензиско друштво и потпретседателот Христина Џамбазовска Анастасов од Триглав Осигурување Живот, ќе учествуваат во креирањето на наставните програми, а согласно потребите на стопанството, ќе овозможуваат пракса за нашите студенти, ќе нудат стипендии и ќе бидат идни работодавачи за нашите студенти.

Како функционира програмата за стипендии на Хајделберг факултетот и какви можности нуди на студентите од аспект на образование и вработување по дипломирањето?

ВАСИЛЕВ: Компаниите од Бизнис советот ќе обезбедуваат стипендии и пракса, со што директно ќе им помогнат на студентите да учат и своето теоретско знаење, кое ќе го стекнуваат на Хајделберг факултетот, да го применуваат во пракса, во реална, бизнис околина. Концептот е три работни дена нашите студенти да поминуваат на настава, а два на пракса. Со оглед дека најголемиот дел од компаниите ќе ги стипендираат овие студенти, тие ќе стануваат и нивни вработени, со обврска одреден период по завршувањето на студиите, да работат кај нив. Со тоа ќе заврши таканаречената „пракса за потпис”, кога најголемиот број практиканти не се ни појавуваат на пракса, туку добиваат потпис дека посетувале пракса или ако и биле на пракса, најчесто во период на летни одмори, кога компаниите се во „лер”, а студентите се „праќаат по бурек”.

Компаниите кои стипендираат, ги одбираат сами своите стипендисти на конкурс, заедно со стручна поддршка од Факултетот, и на нив гледаат како на идни вработени, а согласно на тоа, нивен интерес е да овозможат најдобра пракса за нив и практично да добијат добар млад вработен, уште за време на студирањето. Некои наши членки на Советот дури и им овозможуваат платена пракса на студентите.

Што претставува концептот на двојна диплома што го нуди Хајделберг факултетот и како овој модел го подобрува образованието и професионалната перспектива на студентите?

ВАСИЛЕВ: Процесот на комбинирано студирање и пракса, е германски модел на образование и функционира одлично во најсилната европска и една од најмоќните светски економии. Последниот семестар, нашите студенти ќе имаат можност да го поминат кај нашите партнерски универзитети од Германија, каде ќе подготвуваат дипломски труд, на основа на стекнатите знаења и вештини за време на наставата и практичната работа. А по успешно завршување и одбрана на трудот, студентот добива две дипломи, една македонска и една германска, иста онаква каква што добива германски студент на германски факултет. На Хајделберг факултетот во Скопје, исто така, најголем дел од професорите доаѓаат од Германија. Со тоа, нашите студенти, за македонски цени, добиваат германско образование и диплома и целосна интеграција во германскиот образовен систем.

Кои се најголемите придобивки за студентите кои завршуваат дел од своето образование во Германија преку програмите на Хајделберг факултетот и како ова меѓународно искуство влијае врз нивниот кариерен развој?

ВАСИЛЕВ: Можноста да се учи од реномирани германски професори, истите оние кои ги учеле и учат и идните вработени/менаџери во најсилните германски компании, е бесценета. Настава и пракса во една интернационална околина, секако ќе им овозможи на студентите врвно искуство и нови видици.

Имате богата работна кариера, почнувајќи од банкарски сектор, па до финансиско друштво, како вашето претходно корпоративно искуство ви помага во водењето на Хајделберг факултетот и кои искуства од корпоративниот свет ги применувате во образовниот процес?

ВАСИЛЕВ: Дваесет и три/четири години поминав во светот на финансиите, почнувајќи во една од најголемите банки во Македонија, од најниските позиции, па се до Управител на реномирано финансиско друштво. Паралелно, петнаесетина години бев најпрво предавач, па Доцент во еден наш факултет. Целиот овој работен пат го поминав во соработка со фирми од реален сектор, поддршка на инвестиции и бизниси, а искуствата можев да ги споделувам со студенти на факултет. Во последните повеќе од десет години, најголем проблем со кој се соочува нашата држава, е огромната дискрепанца помеѓу бизнисот и човечките ресурси. Имено, стопанството е постојано во потрага по добар кадар, а студентите својата среќа ја бараат во странство. Македонија е лидер по одлив на мозоци, додека во исто време се заговара увоз на работна сила од други држави и континенти.

Најголемата причина за овој проблем е лошото образование. Нашите факултети продуцираат дипломи, а не знаења и вештини. Нашите дипломци, аплицираат за работа со теоретски познавања, кои никогаш не ги примениле во пракса, па работодавачите мораат од почеток да ги обучуваат, губејќи време и пари. Хајделберг факултетот од Скопје очекувам да понуди концепт кој ќе го надмине овој сериозен проблем.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата