06 Октомври, 2024
0.0624

ИНТЕРВЈУ ВИЛИЈАМ ЛАЈМАНОВСКИ: Виртуелната берза е одлична вежба за учество на реалната берза!

Објавено во: Економија 10 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

На 30 јуни 2015 година заврши вториот циклус од наградната игра што се организираше во рамките на едукативниот портал на Македонската берза Виртуелна берза. Вториот циклус започна во октомври 2014 година и во оваа игра на знаење беа вклучени повеќе од 300 учесници кои преку Виртуелната берза стекнаа практично искуство од тргувањето со хартии од вредност.

На секој регистриран учесник му беа доделени 500.000 денари виртуелни пари со кои виртуелно се купуваа акции што котираат на Македонската берза по реални цени постигнати од тргувањето на Македонската берза. Покрај едукативниот карактер, оваа игра имаше за цел кај секој учесник да стимулира остварување на најголема вредност на своето портфолио. По завршувањето на вториот  циклус на Виртуелната берза најуспешен учесник е Вилијам Лајмановски од Битола кој во текот на повеќемесечното виртуелно тргување успеа иницијално добиените 500.000 денари да ги инвестира во различни акции и играта да ја заврши со највисока вредност на своето портфолио од 8.518.656 денари.

Тој во интервју за Фактор раскажува за она што го привлекло да учествува во овој проект и неговото искуство со виртуелното тргување .

Разговараше Ирена Ристовска

Фактор: Како дознавте за проектот Виртуелна берза и што ве привлече да се регистрирате и да учестувувате?

Вилијам: За проектот Виртуелна берза дознав од економските интернет портали кои редовно ги следам, барајки информации за светската економска криза, чие влијание почнува да се чуствува и во нашето секојдневие.

Тоа што ме привлече да се регистрирам и да учестувувам во секој случај се солидните награди кои ги доделува берзата, но и потребата моите видувања за движењто на акциите да го испробам без ризик од загуба.

Фактор: Кои хартии од вредност најчесто ги купувавте?

Вилијам: Мислам дека за успешно тргување на виртуелната берза, па и на реалната, мора да се земе предвид ликвидноста на акцијата  која се купува. Затоа, врз база на податоците од дневните листи од извештаите на Македонската берза, купував акции за кои сметав дека има потенцијал да се реализираат трансакции во вредност од најмалку 50.000 денари, а притоа да има поголема позитивна разлика во цена.

Фактор: Врз основа на што донесувавте одлука за купување/продавање на одредена хартија од вредност?

Вилијам: Во виртуелната берза морав да внимавам на куповната цена на акцијата која може  да се разликува од нејзината куповна цена дадена во дневните извештаи од берзата, бидејќи согласно правилата за тргување на Виртуелната берза се зема во предвид цената од последната трансакција кога прометот со дадената акција е над 50.000 денари. Сепак, одлуката кога да се купи а кога да се продаде во многу зависи од стратегјата со која ке го започнете  инвестирањето. Во тоа многу ми помогнаа некои примери од техничка анализа за движењето на акциите кои многу лесно можат да се најдат на интернет.

Фактор: Како го оценувате едукативниот проект Виртуелна берза во организација на Македонска берза?

Вилијам: Проектот Виртуелна берза, според мене, дава добра можност да се вежбаат принципите и стратегиите за тргување на реалните берзи.

Разлики има, но Виртуелната берза може многу да помогне во разбирањето на начините за тргување со хартии од вредност. Мислам дека тргувањето на берза и имањето акции во денешно време треба да се смета како можност за распределување на капиталот кој се поседува. Затоа секој би требало да се едуцира за тоа како функционира овај пазар на капитал.

Фактор: Дали во иднина би тргувале и на реалната берза?

Вилијам: Желбата за тргување на реалната берза е таа која ме натера да се вклучам и во Виртуелната берза и да добијам можност да ја почуствувам динамиката на берзанското тргување. Во секој случај ќе тргувам, а ова искуство се надевам ќе ми помогнe да се држам до девизата  „No Hard Feelings - Just Business“, бидејќи и во Виртуелната берза увидов колку чувствата понекогаш влијаат во  недонесувањето на рационални одлуки кога е тргувањето во прашање.

Инаку, Македонската берза на тројцата најуспешни учесници ќе им додели соодветни награди кои се состојат во годишна претплата на продуктот Бестнет за следење на тргувањето на Македонската берза во живо, посета на една од обуките во рамките на Тренинг центарот на Македонска берза (по избор на добитникот), доделување на Прирачник за тргување со хартии од вредност, како и можност за едномесечна пракса на Берзата доколку добитниците се студенти на додипломски или постдипломски студии.

Второто место отиде во рацете на учесникот Благоја Трајкоски од Прилеп со остварена вредност на портфолио од 7.132.949 денари, додека трет најуспешен учесник е Драган Даниловски од Скопје кој постигнал вредност од 5.434.100 денари на портфолиото.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта