25 Ноември, 2024
0.0284

ИНТЕРВЈУ ЗАЈКОВА: Успеавме да го решиме проблемот со државната матура без негово политизирање

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Им честита на матурантите што седнаа на заедничка маса со политичарите и дебатираа за прашањата кои се важни за нивната иднина, а едно од нив е полагањето на државната матура. Во интервју за Фактор, младата пратеничка од  ЛДП, Моника Зајкова, вели дека успеале да постигнат решение кое е соодветно за двете страни, без политизирање на процесот. Се согласивме дека треба да седнеме и да помогнеме на децата кои знаат точно во што се состои нивниот проблем, и кои беа многу сериозно посветени и учествуваа во решавањето, објаснува пратеничката. Со Зајкова разговаравме и за најавените реформи во образованието, за младинската невработеност, но и за идејата на нејзината партија за студентски оброк...

Последната информација што ја имаме од преговорите за државната матура е дека Државниот матурски одбор на онлајн состанок го прифатил предлогот таа да се состои од четири испити (два екстерни и два интерни), како и проектна задача. Како го коментирате ова засега предлог решение?

Зајкова: По однос на ова прашање најпрво сакам да им честитам на матурантите што покажаа доблест да седнат заедно на маса со нас политичарите и да дебатираат за решенија кои се многу важни за нивната иднина. Сметам дека со ваквото решение од една страна е постигнат успех во однос на барањата на матурантите да полагаат само два екстерни предмети, додека пак за интерните самите да ги утврдат критериумите за полагање, а од друга страна не се нарушува системот, заштитени се интересите на сите ученици и ниту еден ученик не е доведен во неповолна ситуација, било да сака да го продолжи своето образование на домашните или меѓународните универзитети.

Од Министерството за образование и наука објаснија дека овој модел на државна матура веќе бил применуван во земјава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година. Зошто ако бил добар и соодветен, тој бил напуштен во годините потоа, а сега пак му се враќаме?

Зајкова: Точно е дека овој модел бил применуван бидејќи јас сум една од матурантите кои полагаа според овој модел, но и од генерацијата која за прв пат се соочи со концептот- државна матура. Секоја држава самостојно го прилагодува Концептот на полагање на државна матура, адаптирајќи го на реалната фактичка состојба во земјата, но и истиот го надоградува со цел да обезбеди повисок квалитет на образованието и се подобри генерации. Не се работи за соодветноста. Ние не можеме да бидеме неми на пандемијата. Сојузот на средношколци бараше прилагодување на Концептот кон евидентните проблеми кои ги предизвика изменетата настава поради Ковид кризата, без притоа да се поткопа квалитетот на образованието, но и да се води сметка секој матурант да може да се запише на посакуваниот универзитет. Оттука, наметнувајќи можни и соодветни решенија, низ дијалог  дојдовме до решение кое како компромис беше прифатливо за двете страни, а воедно и не ставаше во дискриминирачка или штетна положба ниту еден матурант. А воедно е решение за кое веќе имаме искуство од праксата.

Вие сте член на Клубот за младински прашања и политики во рамките на Собранието. Од Сојузот на средношколци изјавија дека овој модел за нив е прифатлив, но поставија неколку услови. Може ли прецизно да ни кажете кои услови тие ги поставуваат, кои се всушност нивните барања?

Зајкова: Сојузот на средношколци остана на ставот да се полагаат два екстерни предмети од досегашните три. Во делот на компромисот  за интерните предмети Сојузот достави 10 барања за кои ќе ги образложат деталите на секое од нив, но од кои јас би потенцирала кои беа особено клучни и важни за секој матурант а тоа се: скратување и ажурирање на испитните програми, во делот на интерните предмети наставниците да споделат банки на прашања со учените најдоцна три недели пред денот на испитот, учениците да имаат можност да ги променат своите испити односно повторно да ги пријават испитите кои сакаат да ги полагаат во определен рок, и со оглед тоа дека учебната година започна со задоцнување се поместуваат и почетоците на испитните сесии за по една недела итн.

Дали сметате дека на крај се најде решение за проблемот без политизирање на процесот?

Зајкова: Ова е редок пример на решавање на општествен проблем кој од наша страна нималку не се политизираше и претставува еквивалент на развојот на демократијата во државава. Се согласивме дека треба да седнеме и да помогнеме на децата кои знаат точно во што се состои нивниот проблем, и кои беа многу сериозно посветени и учествуваа во решавањето. Нема нерешливи проблеми, кога има искрена желба да се премостуваат јазовите. Заедно со пратениците од опозицијата во рамки на Клубот на младински прашања и политики отворивме дебата по однос на прашањето за државната матура, покажувајќи прогресивен терк, по кој проблемите можат конструктивно да се решаваат. Оваа тема не дозволивме и не треба во иднина да овозможиме, преку најразлични форми (вклучително и формирање на паралелни сојузи или здруженија) да стане предмет на гола политика и борба за политички поени. Неопходно е сите заедно да дадеме шанса на демократскиот начин на донесување на одлуки, особено кога имаме засегната страна, како што се сега средношколците, кои директно учествуваа во изнаоѓање разумни и прифатливи решенија за сите страни. Младите покажаа дека можат да се носат рамо до рамо со политичарите и дадоа пример како треба да се решаваат општествените прашања.

КВАЛИТЕТНА РЕФОРМА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА ДОБИЕ ШАНСА

Какво е Вашето мислење за реформите во образованието што ги најавува МОН, кои би стартувале уште од септември годинава, и што конкретно сметате за идејата историјата да не се изучува како посебен предмет?

Зајкова: Искрено нашето образование е за комплетна реформа, но тие реформи да бидат од интерес за сите. Треба внимателно да ги правиме затоа што треба да видиме колку засегнатите страни се подготвен веднаш да се адаптираат на новонастанатите програми. Исто важи и за новата генерација, која е тотално поинаква и со модерна технологија расте и ги интересира сосема поинаков пристап и начин на развивање. Најважно од се е дека светот се менува комплетно, се дигитализира, ние треба да не останеме неми во развивањето, туку треба да бидеме конструктивни, промените се започнати, многу професии можеби ќе изумрат, а нови професии ќе бидат во подем, треба да сме подготвени за промените на глобално ниво. Последно што дискутирав со млади академски граѓани дојдов до заклучок дека ние имаме Факултети каде интересот за запишување од страна е се помал, а професорите незаинтересирани да им се посветат на студентите, тоа треба да се најде модел како да се реши а не да го оставиме тоа да ги разочаруваме младите, кога тие се со напредни технологии и разменуваат мислења, знаења и искуства со млади од цела Европа. Затоа  сметам дека секоја суштинска реформа која води кон квалитетно и развојно образование треба да добие шанса.

Младинската невработеност и натаму е една од највисоките во земјава. Дали досегашните мерки со младинска гаранција дадоа резултат, и што треба натаму да се прави за да се надмине овој проблем?

Зајкова: Ковидот придонесе за затворање на бизниси и за дополнителна невработеност и замрзнување на работните места, од една страна не очекува тешки години и закрепнување во приватниот сектор, но од друга страна тоа што ми дава надеж е дигитализирањето. Дефинитивно, дигитализирањето покажа дека може да се функционира и во пандемија, тоа ги поттикна и младите да отвораат стартапи а со тоа и да се придонесе да се отвораат нови работни места. Не треба да седиме со скрстени раце, треба да работиме сите, да се трудиме и да сфатиме дека се тешки години за сите, особено во гранките како туризмот, угостителство и ред други кои се поврзани. 

Морам да признаам дека во последните четири години се прават  обиди  системски да се надмине проблемот со младинската невработеност. Затоа е започнат и проектот младинска гаранција кој е програма на Владата на Република Северна Македонија со кој се зголемува опфатот и вклучување на младите невработени лица на пазарот на трудот. Мерката е токму младите да останат во државата и да работат тука. Обезбеден е младински додаток за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование кои работат во производството. Се отвораат можностите за стимулирање на младинското петприемништво односно на младите луѓе со започнат или бизнис во подготовка. Затоа сметам дека полека, но сигурно градиме нов систем на позитивни вредности. Го охрабрувам секој млад човек треба да биде активен чинител, гласно да говори, да дава предлози. Само на тој начин лошите практики ќе бидат заменети со Функционалност.

ДА ОСТАНЕМЕ ТУКА И ДА СИ ЈА ГРАДИМЕ ЕВРОПА ДОМА

ЛДП е предлагач на Законот за субвенциониран оброк, што тој опфаќа и од кога започнува неговата примена?

Зајкова: Субвенционираниот студентски оброк е идеја од Словенија., која Либерално-демократската партија  ја преточи во форма на Закон, кој го промовираше во јавноста и за кој успешно излобира да биде едногласно усвоен  во Собранието.  Со Законот се  обезбедува 2.400 денари месечно за здрав оброк на секој редовен студент запишан на државните и приватните Универзитети. Правото на субвенциониран студентски оброк студентите ќе може да го користат секој работен ден од 8:00 до 20.00. Законот треба да започне со имплементација односно примена од оваа академска година.

Како млада пратеничка во Собранието која е вашата порака до младите кои се почесто не ја гледаат перспективата тука?

Зајкова: Младите имаат две опции да останеме тука заедно и да ја градиме оваа држава или да заминат и да градат нечија друга држава. Затоа сметам дека ако нешто не чини треба да се соочиме со истото и да се стремиме да го менуваме на подобро. Знаете, има три типа на луѓе: оние кои не се заинтересирани за она што се случува, оние кои се заинтересирани, но се неми набљудувачи од страна и третите се тие кои прават нештата да се случуваат и менуваат. Уверена сум дека имаме генерации кои припаѓаат на третиот тип и ќе придонесат нештата да се менуваат, за сите заедно да останеме тука и да си ја градиме Европа дома.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел