28 Ноември, 2024
0.1082

ИНТЕРВЈУ Зееви Голдман: Кризата не е завршена, но вистинските инвеститори сега знаат да направат големи профити!

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Златото и нафтата се меѓу најпопуларните инвестициски производи во светот, и традиционално, Турците и Кинезите тргуваат со злато повеќе од другите, но истражувањата, покажаa, дека исто така и на Македонците златото им е еден од приоритетите, вели во интервју за Фактор, Зееви Голдман првиот човек на FXLIDER, компанија специјализирана за тргување на глобалните финансиски пазари. Со оглед дека во Македонија не може да се тргува со злато оваа компанија нуди една поинаква можност, а тоа е опција со која не купувате или продавате злато, но имате можност да тргувате со злато како дериват. Клиентот, тргува со цената на златото, но не и со самото злато. Фактор: Што е FXLider и која е предноста што Вие ја нудите за клиентите да тргуваат преку Вашата компанија? Голдман: FXLider е дел од International Leader Group. Групацијата обезбедуваможности за инвестирање и тргување на глобалните финансиски пазари. Групата обезбедува најсовремени платформи за тргување, највисоко ниво на безбедност на средствата на клиентите, локализиран тим од експерти, и сето тоа, целосно лиценцирано и регулиранo според највисоките меѓународни критериуми. Фактор: Каде е распространет FXLider? Голдман: Групацијата е активна на неколку пазари, како Израел, Турција, Азербејџан, екс-Југославија, Албанија, Грција и Кина и продолжува со својот постојан раст и пенетрација на нови пазари во развој. Фактор: На кој начин се тргува преку FXLider? Голдман: Секој од нашите клиенти има 24/5 пристапност на глобалните финансиски пазари преку напредни и пријателски платформи за тргување. Клиентите можат да тргуваат директно, со широк опсег на финансиски производи и со конкурентни цени. Секој од нашите клиенти можe да креира своја стратегија за инвестирање, и да ги менаџира своите средства според неговата воља и разбирање, потпирајќи се на квалитетната поддршка обезбедена од страна на нашиот тим на експерти. Фактор: Во Македонија, граѓаните не можат да тргуваат со злато – како со помош на Вашата компанија сепак македонските граѓани може да поседуваат инвестиции во злато? Голдман: Со FXLider, Вие не купувате или продавате злато, но имате можност да тргувате со злато како дериват. И не само со златото како дериват, туку и со други деривати како EUR/USD, СРЕБРО, СУРОВА НАФТА и др. Со финансиските производи кои ја изразуваат флуктуацијата на цената на самиот производ. Клиентот тогаш, тргува со цената на златото, но не и со самото злато. Фактор: Злато или црно злато – во што повеќе се инвестира? Голдман: Секако, златото и нафтата се меѓу најпопуларните инвестициски производи во светот, заедно со валутниот пар EUR/USD. Традиционално, Турците и Кинезите тргуваат со злато повеќе од другите, но ние неодамна направивме истражувања, кои покажаa, дека исто така и на Македонците златото им е еден од приоритетите. Додека за Азербејџан, тие преферираат сурова нафта како нивни прв инвестициски производ. Фактор: Може ли да се заработи од овој вид на тргување и како, cо оглед дека цената на златото во последно време по континуираниот раст почна да паѓа? Голдман: Глобалниот финансиски пазар обезбедува секој ден нови можности и ситуации да се добие профит. Златото неодамна падна за повеќе од 12%, а аналитичарите предвидуваат дека би можело да продолжи опаѓачкото движење на златото под цена од 1000 долари по унца, што би можело да обезбеди продажна стратегија. Инвеститорите секогаш треба да ја погледнат целата слика на светската економија, пред да донесат одлуки. Долгорочната стратегија ќе ја зголеми можноста да се заработат пари, и ќе го намали ризикот за загуба. Фактор: Во време на криза, каков е интересот за тргување со злато, нафта и сл? Голдман: Во деновите на криза ценовните флуктуации се поинтензивни. Правите инвеститори кои знаат да ги препознаат различните трендови може да се здобијат со значајни профити. "Арапската пролет", како пример влијаеше на светската цена на суровата нафта. Големите настани се секогаш од клучно значење за инвеститорите. Главен дел на FXLider експертизата е навремено да ги обезбедува нашите клиенти со основни вести од глобалните финансиски пазари. Клиентите ги следат овие вести, и нивните инвестициски стратегии се делумно базирани на нив. Техничките анализи и правилното управување со ризикот се од суштинско значење за успех. Фактор: Ако за време на криза, вообичаено интересот за овој вид на тргување е зголемен, има ли сега некакви промени кои би значеле опоравување на светска економија? Голдман: Различни мислења се секогаш достапни. Лично мислам дека уште неколку години на криза се пред нас и најлошото сеуште не е дојдено. Од некоја перспектива ние сега се соочуваме со реалноста на загубена деценија, која се карактеризира со ниски растечки стапки и тековни зголемувања на социјалните разлики. Оние кои знаат да ја прочитаат реалноста каква што е, може да се стекнат со профит и да го подобрат нивниот статус.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали