17 Декември, 2025
0.1172

Инвазија на азиски бубамари во Србија!

Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2014 13:24

Добивај вести на Viber

Роеви бубамари во дворовите, на прозорците и во домовите во Белграс. Експертите велат дека станува збор за азиски бубамари, кои се погубни само за нивните домашни истоимени инсекти. Азиските бубамари во Србија за првпат биле забележани на Фрушка Гора во 2008 година, иако во Европа се увезени доста порано, како дел од борбата против растителните вошки. „Од тогаш се одомаќиниле, се прилагодиле и речиси ги потиснаа домашните бубамари“, вели Миленка Периќ од Заводот за биоциди и медицинска екологија. “Тие не се штетни ниту за луѓето, ниту за растенијата, но се намножија во огромен број. Имаме помалку растителни вошки, но и помалчку домашни бубамари“, додава таа. Од локалните бубамари, азиските се разликуваат затоа што имаат повеќе точки, а крилјата можат да им бидат во повеќе бои, не само во црвена. Експертите се обидуваат да им најдат природен непријател, за по природен пат да го намалат нивниот број. Граѓаните се предупредуваат да не ги убиваат, затоа што притоа испуштаат жолт сок со непријатен мирис. Инаку, во Србија постои правилник според кој строго е забрането убивање на азиски бубамари, а глобата за нивно уништување изнесува околу 15.000 динари. Но не е познато дали некој некогаш ја платил оваа казна.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата