03 Јули, 2024
0.0477

ИНВЕСТИЦИИ: Македонски „Тиквеш“ ќе го купува хрватски „Бадел“?

Објавено во: Економија 30 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Винарската визба "Тиквеш" ги скенира условите за влез во хрватски “Бадел 1862”, еден од најпознатите производители на коњак во регинот.  Од Тиквеш потврдуваат дека се заинтересирани за да бидат стратешки бизнис партнер и да инвестираат во “Бадел”, но сепак поради стрaтегијата на компанијата, не откриваат детали. -Условите веќе се скенираат. Ја земаме предвид секоја можност за соработка со компании од регионот каде што би можеле максимално да го експлоатираме потенцијалот. Во случајот со 'Бадел', синергијата и компатибилноста се неспорни, особено од аспект на производството и продажбата", изјави директорот на винарската визба “Тиквеш” Игор Илиевски. Оваа година од компанијата Тиквеш најавуваат дека ќе го зголемат откупот на грозје за  20 проценти. Кои се условите за продажба на “Бадел 1862 Хрватски “Бадел 1862”, на почетокот на неделава објави дека го продолжува рокот за доставување на понуди за стратешко поврзување и докапитализација до 29 мај. На 18-ти март ”Бадел” објави јавен повик за стратешки совети и  зголемување на капиталот во минимален износ ос 150 милиони евра, односно толку пари треба да изнесува инвестицијата на компанијата која ќе влезе во Бадел и да има направено бизнис план за период од пет години. Според условите од компанијата што ќе биде избрана се бара да го задржи основното работење на Бадел, да ги развива брендовите, најмалку пет години да не ги отуѓува производните погони во Загреб и загребската жупанија, и лозјата. Во делот на вработените, од компанијата се бара да го задржи бројот на работниците кои се со неопределен работен однос, но и минималниото број на работници утврден според правилата за реструктурирање во период од две години, во случај на спорведување на технолошки вошок да се прави во согласност со колективните договори и хрватските закони. Засега како што пренесуваат хрватските медиуми, меѓу заинтересираните инвеститори се "Темпо Бевериџис", Тиквеш од Македонија, Кофола од Чешка и Фондот Нексус, и овие компании веќе завршиле со процесот на длабинска анализа. Од компанијата “Бадел” засега не сакаат да коментираат околу понудите, пренесуваат хрватските медиуми, но сепак менаџерите на компанијата се оптимисти во однос на целиот процес. Минатиот месец кога се објави јавниот повик за понуди за докапитализација, на хрватската берза веднаш се зголемија акциите на Бадел 1862, чија цена порасна за 53 отсто. Инаку државата е мнозински сопственик во Бадел удел од 67,68 проценти, односно поседува 2.123.568 акции. Кон средината на минатата година беше спроведен едн јавен оглас за докапитализација наБадел, со очекувања дека потенцијалниот партнер ќе инвестира 20 милиони евра, и ќе го направи мнозински акционер. Тогаш притстигнаа седум понуди, од познати мултонационални компании, но огласот заврши несупешно, поради изјавите на претседателот на Управниот Одбор на Бадел 1862 и Анте Перковиќ, кој тврдеше дека државата не е мнозински соственик туку тој и неговите партнери. И на тој оглас винаријата „Тиквеш“ во соработка со хрватската компанија „Орбико“ се заинтересира за влез во “Бадел”. Зошто “Бадел 1862” се одлучи за докапитализација? Минатото лето претставниците на задругата на мали акционери “Бадел на баделовци” обвнија дека Управниот одбор на компанијата смислено и намерно од за нив непозната причина сакаат да го уништат Бадел. Тие тогаш објавија информации дека растат загубите на компанијата а продажбата се намалува поради големиот попуст што им годавале на трговците. Како главен виновник за состојбата го посочија Синиша Петровиќ, која бил претседател на Собранието на Бадел. На почетокот на месецов хрватските медиуми објавија дека еден од поголемите акционери, Анто Перковиќ, поранешниот претседател на Управниот Одбор на “Бадел 1862” и неговиот син Иван, веќе немаат акционерски капитал во компанијата, и им биле исплатени акциите. Со тоа , како што пренесе хрватски “Пословни”, во целост се решени сите спорови помеѓу друштвото Бадел и Анте Перковиќ и неговиот син, со што е завршена и правната несигурност поврзана со постоечката мнозинска структура во компанијата.  Иако во јавно не се обледони, сепак медиумите во Хрватска пренесоа дека за продажбата на акциите на фамилијата Перковиќ им биле исплатени од 10 до 11 милиони куни. Претходно Перковиќ,  тврдеше дека државата не е мнозински соственик туку тој и неговите партнери. Како што пишуваат хрватските медиуми, со спогодба со фамилијата Перковиќ го реши и долгогодишниот спор со друштвото “Бобита ЦО”, како и спорните барања во износ од 229 милиони куни пријавени во предстечајната постапка која се спроведува во друштвото “Бадел”, а решен е и спорот со земјоделската задруга и винарија “Дингач”, со која “Бадел” соработувал од 1989 година до 2010 година. Со изнаоѓање на стратешки партнер на компанијата се очекува  долгорочен и одржлив развој. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца