04 Јули, 2024
0.0262

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

Објавено во: Економија 02 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во денешното гостување на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека откако е вратена евтината тарифа од 1 декември 2023 во попладневните часови помеѓу 13.00 и 15.00, повеќе од половина од потрошувачката на домаќинствата е во рамки на овој интервал.

- 52,7 проценти од потрошувачката е во евтината тарифа, а остатокот е во скапата тарифа. Значи, голем дел на количини на електрична енергија се прелеале во евтината тарифа, откри Бислимовски.

Тој најави дека до крајот на месецот ќе биде соопштено какви се плановите со воведувањето на третиот час на попладневна евтина тарифа на електрична енергија за домаќинствата.

- Вообичаено оваа примена треба да започне во периодот на греење. Тогаш кога започнува грејната сезона. Тоа е некаде околу 1 ноември, а може и 1 јануари, ќе видиме точно кога, рече Бислимовски.

Тој додаде дека во моментов се уште се прават анализи, но ситуацијата на слободниот пазар покажува дека треба да се стимулираат АД ЕСМ и АД ЕВН Македонија да купуваат електрична енергија во текот на денот кога струјата од фотоцентралите е најевтина.


Можеби ќе ве интересира

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

Новиот министер за економија најавува зголемување на минималната плата

Новиот министер за економија најавува зголемување на минималната плата

ЕУ ПРЕСЕЧЕ - НА ШИШИЊАТА ОСТАНУВААТ ФИКСИРАНИ КАПАЧИЊА: За оваа новина имаше бурни реакции во јавноста

ЕУ ПРЕСЕЧЕ - НА ШИШИЊАТА ОСТАНУВААТ ФИКСИРАНИ КАПАЧИЊА: За оваа новина имаше бурни реакции во јавноста

СЕ ПРОДАВА ЕДЕН ОД СИМБОЛИТЕ НА НОВИ САД: Се споменува бројка од 177 милиони евра, а се чека само уште еден документ

СЕ ПРОДАВА ЕДЕН ОД СИМБОЛИТЕ НА НОВИ САД: Се споменува бројка од 177 милиони евра, а се чека само уште еден документ

Граѓани наплатија над 7 милиони евра од осигурување живот за пет месеци

Граѓани наплатија над 7 милиони евра од осигурување живот за пет месеци

ТУРСКИ ЈИЛДИРИМ КОЈ СТАНА ГАЗДА НА НАШ ФЕНИ, РАБОТИ И ВО ХРВАТСКА - еве во која компанија таму е мнозински сопственик

ТУРСКИ ЈИЛДИРИМ КОЈ СТАНА ГАЗДА НА НАШ ФЕНИ, РАБОТИ И ВО ХРВАТСКА - еве во која компанија таму е мнозински сопственик

„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ - емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ - емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА, ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА МОЖАТ ДА ПОЧНАТ - се редат огласи, но што е со ниските плати

ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА, ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА МОЖАТ ДА ПОЧНАТ - се редат огласи, но што е со ниските плати