04 Јули, 2024
0.0273

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

Објавено во: Економија 02 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Плановите во делот на енергетиката поврзани со производство на електричната енергија беа дел од разговорите меѓу Сања Божиновска, министерка за енергетика и Артур Лорковски, директорот на Европскиот секретаријат за енергетика. 

Средбата се одржа во рамки на неформалниот состанок на земјите членки на Енергетската заедница, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија и Украина. 

На состанокот беа усогласени правилата за имплементација на интеграцискиот пакет за електрична енергија и оптимизацијата на алокација на прекуграничните капацитети за пренос помеѓу земјите. Тоа значи координирана пресметка на цените и движењата со цел пазарот да биде попредвидлив и полесно да се порамнува цената. 

Исто така се разговараше и за донесување на нов Закон за енергетика, за што на земјата и е даден нов рок до 15 септември. 

Министерката Божиновска на состанокот накусо ги објасни планираните проекти на новоформираното министерство кое има за цел да го зајакне овој сектор и притоа да ги намали на минимум можностите за корупција или злоупотреби. Токму корупцијата, како што посочи Божиновска, е причина што немаме значајни инвестиции во делот на енергетиката. 

Фокусот на новото министерство, објасни министерката ќе биде ставен на капитални инвестиции кои на долг рок значат стабилност во однос на производството на електрична енергија во земјава. За насоките од Енергетската заедница за Македонија и моменталните состојби во однос на секторот енергетика, Лорковски на 8ми јули доаѓа да го презентира извештајот пред македонските парламентарци.

Можеби ќе ве интересира

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

Новиот министер за економија најавува зголемување на минималната плата

Новиот министер за економија најавува зголемување на минималната плата

ЕУ ПРЕСЕЧЕ - НА ШИШИЊАТА ОСТАНУВААТ ФИКСИРАНИ КАПАЧИЊА: За оваа новина имаше бурни реакции во јавноста

ЕУ ПРЕСЕЧЕ - НА ШИШИЊАТА ОСТАНУВААТ ФИКСИРАНИ КАПАЧИЊА: За оваа новина имаше бурни реакции во јавноста

СЕ ПРОДАВА ЕДЕН ОД СИМБОЛИТЕ НА НОВИ САД: Се споменува бројка од 177 милиони евра, а се чека само уште еден документ

СЕ ПРОДАВА ЕДЕН ОД СИМБОЛИТЕ НА НОВИ САД: Се споменува бројка од 177 милиони евра, а се чека само уште еден документ

Граѓани наплатија над 7 милиони евра од осигурување живот за пет месеци

Граѓани наплатија над 7 милиони евра од осигурување живот за пет месеци

ТУРСКИ ЈИЛДИРИМ КОЈ СТАНА ГАЗДА НА НАШ ФЕНИ, РАБОТИ И ВО ХРВАТСКА - еве во која компанија таму е мнозински сопственик

ТУРСКИ ЈИЛДИРИМ КОЈ СТАНА ГАЗДА НА НАШ ФЕНИ, РАБОТИ И ВО ХРВАТСКА - еве во која компанија таму е мнозински сопственик

„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ - емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ - емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА, ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА МОЖАТ ДА ПОЧНАТ - се редат огласи, но што е со ниските плати

ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА, ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА МОЖАТ ДА ПОЧНАТ - се редат огласи, но што е со ниските плати