07 Април, 2025
0.0292

Ипардот слабо се реализира

Објавено во: Агробизнис 21 Септември, 2012 11:06

Добивај вести на Viber

Парите од ИПАРД програмата кои на земјава и се достапни 2,5 години остануваат и понатаму слабо искористени. Има многу проблеми кои треба да се решат. Во соработка со Европската комисија во наредниот период, ќе се работи на воведување нови мерки и зголемување на лимитите за побрзо искористување на европските фондови за инвестиции во земјоделството, кои и се достапни на Македонија до 2013 година. Како најголема пречка за апликантите претставуваат правилата и процедурите кои треба да ги исполнат. Потребна е подобра организација за поголема апсорпција на парите и затоа е потребно да се зголеми ефикасноста на институциите за обезбедување на потребната документација, беше истакнато на состанокот. Според експертите потребен е нов инструмент со кој ќе се подигнат стандардите на земјоделскoто производство и ќе се задоволат критериумите за контролата и управување со парите од ИПАРД, што е чекор напред на патот за приближување кон Европската унија.д декември 2009 година досега се објавени шест огласи и се потпишани 157 договори во вкупна вредност од 15 милиони евра, односно 7,5 милиони евра кофинансирање. Но, повлечени се само 2,4 милиони евра од вкупно достапните 50 милиони евра.