РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ИПСОС ЗА ПЕРЦЕПЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КОРОНА ВИРУСОТ
ИПСОС: Младите најмалку загрижени, повозрасните групи кои се со најголем ризик - добро информирани

Објавено во: Мои пари, Корона Вирус 16 Март, 2020 22:02
67% од граѓаните изразуваат значителна загриженост за себе и своите блиски поради корона вирусот. 77% од испитаниците ја оценуваат заканата од корона вирусот за нашата земја како умерена и голема.Најголем дел од граѓаните се информираат од телевизиите (76%), а скоро половината од нив (49%) информации бараат и по социјалните мрежи. Повеќето од граѓаните (69%)ценат дека се многу добро или одлично информирани за корона вирусот. Ова го покажуваат податоците од последното национално репрезентативно истражување кое Ипсос го спроведе меѓу граѓаните на Македонија.
„Од податоците може да се заклучи дека граѓаните на Македонија во голема мера се чувствуваат информирани за ситуацијата. Телевизиите секако имаат примарна улога во информирањето на граѓаните, но користењето на неформалните начини на информирање, како социјалните мрежи, укажува дека е потребна зголемена лична одговорност при ширењето на информациите и нивната проверка со официјални извори. Само 16% од граѓаните се информираат од официјалните веб страници на надлежните институции (Институт за јавно здравство, Министерство за здравство, итн.), па одговорноста на сите фактори при информирањето треба да биде зголемена“, истакнува Ивица Соколовски, истражувач од агенцијата Ипсос.
Истражувањето укажува дека најранливата категорија граѓани, на возраст од 65+ години, се чувствуваат добро информирани за ситуацијата со корона вирусот. Но од друга страна, младата популација споделува најмала загриженост за себе и своите блиски, истовремено чувствувајќи се најмалку информирани. 42% од младите изјавиле дека се чувствуваат малку или воопшто не се чувствуваат загрижени за себе и своите блиски, со истовремено најнизок процент на испитаници кои изјавиле дека се чувствуваат многу добро или одлично информирани за корона вирусот.
„Пропишаните мерки и начините на кои надлежните институции се справуваат со кризата наидуваат на поддршка од граѓаните, а мал дел од нив изразуваат мислење дека мерките треба да бидат подрастични. Тоа што младата популација се издвојува според својата (помала) загриженост и својата (помала) информираност од корона вирусот, укажува на потребата на зголемена одговорност која младите треба да ја манифестираат во овие моменти. Но не само младите, туку сите сегменти на нашето општество“, потенцираат од Ипсос.
Истражувањето беше спроведено во вид на телефонска анкета, на национално репрезентативен примерок од 500 граѓани на Република Северна Македонија, во периодот од 13 - 15ти март, 2020 година.
Можеби ќе ве интересира
ИНТЕРЕС ЗА БАТЕРИИ-СЕ БАРА СПАС ЗА СТРУЈАТА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ФОТОВОЛТАИЦИ

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

„Лесја Украинка“: Реторика на страв од Будимпешта: Како владата на Орбан ги шири наративите на Кремљ против Украина

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Д.К. ОД ШТИП ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 7.441.290 ДЕНАРИ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 85,24 евра за мегават час, на МЕМО 82,14 евра за мегават час

„Вкусна средба со dmBio“: Слатки спомени и здрава инспирација за речиси 100 љубители на органската исхрана!

Еко Изложба во Рамстор мол - Пристигнува најзабавната Еко Изложба во градот “Цртај и Награди Добиј”

Samsung ја претставува Bespoke AI Jet Lite – лесна, но моќнаstick правосмукалка

Започна првата ПроКредит бизнис академија – претприемачите ја поминаа првата обука на тема „Интерно претприемништво“
