17 Декември, 2025
0.0407

Ирачката армија го презема Тикрит, џихадистите бегаат

Објавено во: Свет 11 Март, 2015 18:59

Добивај вести на Viber

Шиитските милиции и ирачката армија влегле денес во градот Тикрит, кој е една од најголемите бази на Исламската држава во Ирак.

Според извешатјот на АП, ирачките сили нападнале со оклопни возила од земјата и од воздух со хеликоптер а од градот допираат експлозии, огнено оружје и чад.

Ирачките власти, соопштија во текот на денот на државната телевизија дека екстремистите киднапирале автомобили од цивилите и бегаат од градот, додека армијата успеала да воспостави линија на снабдување и да ја зајакне офанзивата.

За сега нема информации за потенцијалните жртви од борбите, а ирачките сили минатата ноќ го окупираа градот Алам, и се очекува наскоро да започне офанзива во Мосул, во вториот по големина град во Ирак.

Припадниците на исламската држава контролираат околу една четвртина од територијата на Ирак, а околу половина од територијата на Сирија, како и дел на Либија, или вкупната површина на територијата еднаква на Велика Британија.

Постигнат е напредок по една недела на тешки борби за враќање на Тикрит, град во т.н. “сунитски триаголник“, кој има стратешка, но, исто така, емоционално значење во спречувањето на напредокот на борците на исламска држава во Багдад, кој почна во јуни минатата година.

Офанзивата во Тикрит е најголемата операција на про-владините сили, во кои е вклучена комбинирана воена сила на повеќе од 30.000 мажи.

Ако операцијата успее, пишува Њујорк тајмс, тоа ќе биде значаен чекор во маршот на ирачките сили на север, кон Мосул, во вториот по големина град во Ирак, кој е во рацете на исламската држава.

Можеби ќе ве интересира

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?