16 Декември, 2025
0.0500

Ирачката војска во офанзива против екстремистите со хрватско оружје?

Објавено во: Свет 29 Јуни, 2014 10:41

Добивај вести на Viber

Во екот на офанзивата на џихадистите, ирачките власти се обидуваат да се одбранат и со - хрватско оружје, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Според информациите на весникот, хрватскиот производител на оружје ХС Продукт со властите во Багдад договорил продажба на оружје во вредност од 30 милиони евра. Оружјето од фабриката во Карловац - пиштоли, пушки и минофрлачи, треба да замине во рацете на ирачката војска и полиција, која со тешка мака се обидува да се справи со радикалната Исламска држава на Ирак и Левант која му се заканува и на Багдад. Исламистите веќе зазедоа голем дел од централен и западен Ирак, вклучувајќи го и вториот по големина град во земјата Мосул, како и значителни делови од соседна Сирија. На запоседнатите подрачја веќе вовеле шеријатски закон, а главна цел им се рафинериите во богатиот со нафта Ирак. Во меѓувреме, ирачката влада соопшти дека ја добиле првата пратка на руски борбени авиони, кои треба да им помогнат на ирачките сили во борбата со сунитските бунтовници. Претставници на ирачките безбедносни сили соопштија дека пет авиони од типот Сухој ќе бидат ставени во функција за некој ден, а дека уште авиони се на пат кон Ирак. Се претпоставува дека ирачката влада за авионите платила 500 милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“