18 Декември, 2025
0.0785

Ирачкиот премиер не сака странски копнени трупи во Ирак

Објавено во: Свет 22 Септември, 2014 19:12

Добивај вести на Viber

Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади денеска повтори дека остро се спротивставува на распоредување на странски трупи на копно во Ирак, заради борбата против џихадистите од Исламската држава. Во разговор со австралискиот министер за одбрана Дејвид Џонстон во Багдад, ал-Абади ја отфрлил можноста за „секаква странска воена интервенција на копно во Ирак“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет. САД и Франција веќе изведуваат воздушни напади врз позиции на Исламската држава во Ирак, а најавија дека нападите би можеле да се прошират и на соседна Сирија, каде исто така е активна оваа џихадистичка организација. Американскиот претседател Барак Обама во повеќе наврати отфрли секаква можност американската копнена војска да се врати во нова мисија во Ирак, но во оваа земја веќе има значителен број американски војници како разузнавачка поддршка за ирачките безбедносни служби и логистика за американските воздушни напади. Освен ова, Обама најави и формирање на широка меѓународна коалиција за борба против Исламската држава, која според последните информации ја сочинуваат 40-тина земји и организации, од кои голем дел не би можеле да придонесат многу за воздушни напади. Меѓу земјите кои се согласиле „во некое својство“ да и помогнат на борбата против Исламската држава е и Македонија, објави Стејт департментот. Македонија се приклучи во меѓународната коалиција за борба против Исламската држава!  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел