16 Декември, 2025
0.0403

Ирак бара итна хуманитрана помош – екстремистите напредуваат без запирање

Објавено во: Свет 23 Јуни, 2014 20:39

Добивај вести на Viber

Официјален Багдад преку своите амбасади во светот бара итна хуманитарна помош за стотици илјади ирачки граѓани кои беа принудени да ги напуштат своите домови како резултат на офанзивата на екстремната организација „Исламска држава на Ирак и Левант“. Вакво барање стигнало и до Амбасадата на Ирак во Белград, пишуваат српските медиуми. Во него ирачката Влада нагласува дека се бори за ослободување на земјата од терористите. „Конфронтацијата не е меѓу верски секти, туку тоа е борба на државата против тероризмот и екстремизмот и претставува начин на одбрана на демократските институции и спречување на повторното воспоставување на диктатурата во Ирак, во каква и да е форма“, се наведува во соопштението. Се смета дека на овој начин ирачката Влада сака да ги објасни своите позиции пред меѓународната јавност, особено откако наиде на многу критики поради начинот на справување со кризата и обвинувања дека не успева да ја обедини земјата во борбата против терористите. Во соопштението се објаснува дека припадниците на ИСИЛ се еден од ограноците на терористичката организација Ал Каеда кои го искористиле „недостатокот на контрола врз ситуацијата од страна на војската и припадниците на органите на редот, и во соработка со други милитантни групации и фракции извршиле напад на градот Мосул на 8 јуни“ Како резултат на терористичките напади на наведените групации се извршени и повеќе ужасни масакри и дојде до флагрантно кршење на човековите права, како и до бран масовни бегалци од Мосул, Тикрит и Дијала, од каде преку 350.000 граѓани побегнаа во регионот на Курдистан, а уште 150.000 во внатрешноста на своите провинции, се потсетува. „На сите бегалци им е потребна итна хуманитарна помош. Од своја страна, владата со итни мерки изврши реорганизација на силите и усвои пакет воени и безбедносни мерки, со цел да се спротивстави на нападите на терористите“, се наведува во соопштението. Американскиот државен секретар Џон Кери, кој престојува во Багдад, денеска вети дека Ирак може да смета на помош од САД, но само ако се обедини против терористичката закана. Инаку, припадниците на ИСИЛ денеска објавија дека го уапсиле и погубиле Рафа Абдула Рахман, судијата кој го осуди поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин на смрт со бесење. Рахман бил погубен во знак на одмазда заради пресудата против Хусеин. Ирачката Влада не ја потврдува ваквата информација. Екстремистите на ИСИЛ успеале да заземат и два гранични пункта на границата кон Сирија, со што се повеќе се доближуваат до својата цел - создавање на единствена исламска држава на ирачки и сириски територии.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“