Иран и САД ги обновија нуклеарните преговори
Објавено во: Свет 16 Март, 2015 11:49
Иран и САД ги обновија нуклеарните преговори. Државниoт секретар на САД Џон Кери и неговиот ирански колега Мохамед Зариф почнаа нов круг преговори во швајцарскиот град Лозана, за да се обидат да ги намалат разликите пред 31 март, објавија светски агенции.
31 март е крајниот рок за склучување на политички договор за нуклеарната програма на Иран со светските сили.
На средбата исто така учествуваат и американскиот енергетски секретар Ернест Мониц и иранскиот нуклеарен шеф Али Акбар Салехи, кои се состанаа во неделата, за да преговараат околу техничките детали како да се запре иранската нуклеарна програма.
Кери го повика Иран да направат отстапки, со кои ќе се дозволат да стигнат до политички договор за нуклеарната програма на Техеран.
Страните се договорија до 30 јуни да склучат конечен договор.
Зариф денес исто така треба да се сретне со своите колеги од Велика Британија, Франција, Германија и ЕУ во Брисел, пред да се врати во Лозана, каде оваа недела ќе се одржат нови нуклеарни преговори.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




