16 Декември, 2025
0.0662

Иран и „Шесторката“ со интензивни преговори

Објавено во: Свет 31 Март, 2015 10:38

Добивај вести на Viber

Претставници на Иран и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, како и Германија, се очекува денес да склучат рамковен договор по речиси една и пол година на интензивните преговори за нуклеарната програма на Техеран, објави „Франс прес“.

Министрите за надворешни работи на Иран, САД, Велика Британија, Кина, Франција, Русија и Германија се надеваат дека ќе направат работна рамка за нуклеарниот договор за време на денешните преговори во Лозана, кои веќе почнаа. Крајниот рок истекува на полноќ.

Сеуште има тешки прашања ... Се обидуваме многу напорно да ги надминеме, рече државниот секретар на САД Џон Кери, кој е во Лозана од средата.

Кери се сретна денеска со своите колеги од Франција, Велика Британија, Кина и Германија. Иранскиот министер за надворешни работи ќе се приклучи подоцна кон своите колеги од САД, Франција, Велика Британија, Германија и Кина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги напушти разговорите вчера и ќе се врати само ако има „реални“ шанси за договор, изјавил портпаролот на рускиот дипломат.

Изворот посочил дека состанокот траел цела ноќ во Лозана но билатералните консултации со Иран не доведоа до договор. Главните нерешени прашања се поврзани со прашањето за укинување на санкциите против Иран, рокот за замрзнување на нуклеарната програма, и бројот на центрифугите за збогатен ураниум.

„Нема да има договор, ако прашањето со санкциите не се реши“, изјавил ирански нуклеарен преговарач.

Конечната форма и содржина на договорот треба да бидат усогласени меѓу преговарачките страни до 30 јуни. Земјите сеуште имаат големи несогласувања во техничките аспекти на договорот кои треба да бидат расчистени до крајот на јуни.

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?