ИРАН СЕ СПРЕМА ЗА ГОЛЕМА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ: Ајатолахот Хаменеи издаде наредба
Објавено во: Свет 25 Октомври, 2024
Иран се подготвува за голема војна со Израел, кој најави одмазда за иранскиот ракетен напад, но и се обидува да избегне ширење на конфликтот, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на ирански официјални лица.
„Иран им нареди на вооружените сили да бидат подготвени за војна, но и да се обидат да ја избегнат“, пишува весникот, цитирајќи четворица ирански официјални лица кои изјавиле дека иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи им наредил на иранските вооружени сили да направат повеќе планови во одговор на очекуваната израелска одмазда.
Иранските власти предупредија дека Иран ќе изврши напад врз Израел доколку израелската армија одговори со жртви или значителна штета.
Официјалните лица, од кои двајца припаѓаат на иранскиот корпус на револуционерната гарда, рекоа дека Иран дефинитивно ќе одговори доколку Израел нападне ирански нафтени локации, нуклеарни постројки или таргетира високи функционери.
Како опции за одговор на таков напад од страна на Израел, официјалните лица наведуваат напад врз Израел со до 1.000 балистички ракети или прекин на снабдувањето со енергија во регионот, пишува весникот.
На 1 октомври, Иран лансираше повеќе од 180 ракети кон Израел, велејќи дека тоа е одмазда за убиствата на водачите на милитантните групи Хамас и Хезболах, како и за агресијата во Газа и Либан.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе плати за нападот.
фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.