Добивај вести на Viber
Европа има само две третини од пчелните колонии , а во половина од истражуваните 41 европски земји нема доволно пчели за опрашување на културите , особено во Франција , Германија , Велика Британија и Италија .
Експертите повикуваат на итна акција за пополнување на дефицитот. Европа страда од дефицит на пчели , предупредија британски научници од Универзитетот во Рединг , пренесува Франспрес.
Според нив, на Европа не и достигнуваат 13,4 милиони пчелни колонии, односно 7 милијарди пчели кои ги опрашуваат културите. Причината за дефицитот е брзиот развој во секторот на маслодајни култури во периодот од 2005 - 2010 година.