ИСЕЛУВАЊЕ ВО ЕВРОПА: Неповолни бројки за Македонија
Објавено во: Македонија, Свет 02 Февруари, 2017
Нова карта на Европа покажува од кои земји најмногу луѓе се иселуваат и каде заминуваат.
Држави како Македонија, Португалија, Хрватска, Црна Гора и Молдавија се соочени со фактот дека петтина од нивната популација емигрира. Од нашата земја се иселиле 24.8% од граѓаните. Од Србија заминале 10.9%, а од Грција 8%. Од соседна Бугарија се иселиле 16.5% од населението.
Најголемо иселување има од БИХ, а тоа е поткрепено со фактот дека 1.6 милиони луѓе во 2015 година живееле во странство иако се родени во БиХ.
43.3% од населението ја напуштило БиХ, а од Албанија заминале 38.8%.
Од Ирска заминале 18.8% од луѓето. Од Британија емигрирале 5 милиони луѓе заклучно со 2015 година.
Во моќните и големи земји иселувањето е сосема мало. Од Франција си заминале само 3.3%, од Германија 5%, од Шпанија 2.7%.