18 Декември, 2025
0.0363

ИСИЛ нареди полово осакатување на милиони девојчиња и жени!

Објавено во: Свет 24 Јули, 2014 21:30

Добивај вести на Viber

Радикалната Исламска држава што контролира голем дел од територијата на Ирак и Сирија нареди полово да бидат осакатени сите девојчиња и жени на возраст меѓу 11 и 46 години. „Исламската држава објави фетва, тукушто сме известени“, изјави претставничката на Обединетите нации во Ирак Жаклин Бедкок. Таа не може да прецизира за колку точно жени и девојчиња ќе важи мерката, но врз основа на податоците на Обединетите нации проценува дека ќе бидат погодени најмалку четири милиони. Половото осакатување во Ирак досега не се практикуваше , освен во некои изолирани подрачја. На удар во областите под контрола на екстремистите се и дваесетина христијански семејства во Мосул, кои преживуваат само благодарение на помошта од невладини хуманитарни организации. Некои од нив веќе го прифатиле исламот, а други се одлучиле да плаќаат парична глоба што им ја наметнува Исламската држава. Екстремната радикална сунитска група потекнува од терористичката мрежа Ал Каеда и делува во Сирија и Ирак, а од 9 јуни започна голема офанзива на ирачка територија, освојувајќи градови и региони и напредувајќи кон главнот град Багдад. Лидерот Абу Бакр ал-Багдади, кого следбениците го прогласија за калиф, ги повика муслиманите на послушност. Половото осакатување на жените е постапка на делумно или целосно отстранување на надворешните женски гениталии или друго повредување на женските полови органи кое се прави од немедицински причини. Постапката нема никаква здравствена корист и се извршува само од верски, традиционални уверувања дека жената не треба да ужива во сексот или други предрасуди. Освен опасност од инфекција тоа носи и други долгорочни опасности за физичкото, психичкото и сексуалното здравје. Праксата е проширена во 28 африкански земји и во делови од Блискиот Исток и Азија. Во 2013 година, Светската здравствена организација објави дека 140 милиони жени во светот се полово осакатени, а секоја година таква судбина им се заканува на три милиони нови.  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“