16 Декември, 2025
0.0648

ИСИЛ регрутира и деца – најмладиот војник во џихад има само 10 години!

Објавено во: Свет 03 Јули, 2014 12:08

Добивај вести на Viber

Сунитските џихадисти од терористичката организација ИСИЛ регрутираат деца кои ги користат во борба за создавање на Исламска држава во Ирак и Сирија. Некои од децата доброволно се пријавиле да се придружат на ИСИЛ, но дел се принудени да се борат. Најмладите имаат само 10 години. Десетгодишниот Абдула е најмладиот познат доброволец во ИСИЛ, пишуваат светските медиуми. Тој се наоѓа во ирачкиот град Мосул, заедно со околу 4.000 војници. Веднаш штом џихадистите го зазеле овој втор по големина град во Ирак, веднаш започнала потрага по млади момчиња, на возраст меѓу 10 и 30 години, кои бо го „контролирале освоениот регион и би се придружиле во борбата на другите фронтови во Ирак“. Додека Абдула, следејќи ги својот татко и брат, доброволно се јавил, постојат и такви кои биле киднапирани и присилени да бидат во групата. Меѓу нив е и 14-годишниот Мухамед од сириското место Ракка, кој со измама бил одведен во камп на ИСИЛ. На Мухамед му кажале дека кампот е направен за во него да се изучуваат основите на исламот и Куранот. „ИСИЛ ми кажаа дека тоа е целта на кампот. Но, обуката се одвива во два дела - на религиските часови не учат на нивна верзија на исламот, за екстремистички методи и за потребата за создавање на исламска држава - калифат. Вториот дел е борбена обука и лекции за употреба на оружје“, вели тој. Обуката траела 25 дена. Во мај беше извршено масовно киднапирање на деца од сирискиот град Алепо. Неизвесна е судбината на меѓу 133 и 159 тинејџери. Две од децата успеале да побегнат и изјавиле дека ИСИЛ ги принудувал на лекции од шеријатот и џихадистичката идеологија, а непослушните добивале физичка казна. Организацијата Хјуман Рајтс Воч неодамна објави извештај според кој ИСИЛ во Сирија регрутира деца преку бесплатно образование, кое вклучувало и воена обука. На децата им биле давани и опасни задачи, како самоубиствени бомбашки напади. Обединетите нации кон средината на мај објавија дека „децата кои во Сирија се борат за ИСИЛ се платени како возрасните (околу 200 долари)“. http://www.youtube.com/watch?v=gjsVRNynutM  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“