Исклучената Александрова: Ги повикувам колегите од ВМРО-ДПМНЕ да ни се придружат
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2018 22:38
Емилија Александрова е првиот исклучен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ што се огласи во јавноста по синоќешното гласање за отворање на уставните измени согласно преспанскиот договор на драматичната собраниска седница која беше одложувана дента се додека не се обезбедија гаранции за минималните 80 пратеници за двотретинско мнозинство.
Таа, меѓудругото, за „Лидер“ вели дека не и се лути на матичната партија што е исклучена и според изјавите што ги дава може да се заклучи дека осумтемина исклучени најверојатно формираат посебна пратеничка група.
- Најпрвин сакам да потенцирам дека синоќа во Собранието на Република Македонија се донесе одлука за отпочнување на постапка за амандманска расправа за измени на Уставот. А за тоа како ќе биде крајното двотретинско гласање, сепак ќе зависи од власта, односно колку е таа спремна за прифаќање на условите кои се наведени во синоќешното соопштение до јавноста.
Одлуката беше тешка навистина, свесни за сериозноста на ситуацијата како во државата така и во политиката и какви се бранувањата таа ќе направи посебно во мојата партија. Но јас и моите колеги цврсто веруваме дека тоа што дадовме шанса е правиот пат по кој треба да се движиме, нормално уште еднаш да напоменам со прифаќање на нашите услови. – ни одговори Александрова.
Пратеничката од Берово вели дека и е тешко што е исклучена од ВМРО-ДПМНЕ, но дека нема ништо против одлуката на матичната партија..
-Што се однесува на одлуката на партијата да не исклучи, лично ја доживеав многу тешко. Да се биде ВМРО-ДПМНЕ е вистинска чест и мене никогаш тоа чувство на припадност неможат да ми го одземат. Искрено жалам за нивната одлука кон нас, но не им се лутам. Верувам дека разумот на крај ќе преовладува кај сите, затоа што на крајот сите имаме заедничка цел. – изјави за Лидер, пратеничката која вечерва беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на тврдењата за притисоци кон пратениците и уцените за гласање како и поткупување, Александрова вели дека се работи за шпекулации.
-Се оградувам од секакви шпекулации, најмногу тоа ни треба во моментов. Сега не чека макотрпна работа во Собранието и ги повикувам сите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да ни се придружат, зошто верувам дека ќе донесеме суштински амандмани што е и наша цел. – вели Александрова.
Во изјавата Александрова потенцираше дека за власта да добие двотретинско мнозинство, ќе мора да ги исполни условите кои одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ги поставуваат.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




