ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВИКЕНДОТ И УЖИВАЈТЕ ВО ТОПЛОТО ВРЕМЕ: УХМР најавува силен ветер и пониски темепратури од понеделник
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2023 07:35
Утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Како што додаваат од УХМР, во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот.
Позначајна промена на времето најавуваат во текот на ноќта кон понеделник кога ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата.
На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник.
Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




