20 Мај, 2024
0.0311

Искршени повеќе казина во Струмица, кривични пријави за поголема група

Објавено во: Македонија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Уништувањето на казина во Струмица не е поединечен акт на само еден човек, а освен случајот со демолирање на казиното „Сенатор“ пред речиси еден месец, слично дивеење и кршење на апаратите за игри на среќа имало и во казината „Слот“ и „Адмирал“ од страна на лица кои биле поттикнати од првиот напаѓач.

Струмичката полиција поднесе кривични пријави како против лицето кое го демолирае казиното „Сенатор“, така и уште против две други лица. Според полицијата 49 годишниот жител од Василево откако со копач  удирал по апаратите   во „Сенатор“ недела  подоцна ги  натерал  пријателите  да ги  уништуваат  апаратите и во казиното „Слот“.

„Имено,  второпријавениот, Д.Г. поттикнат од А.В. заминал во станот во кој живеел и зел  метална тесла со дрвена рачка и заедно со трето пријавениот В.Ѓ. околу 09.35 часот, влегле во казино „Слот“ во Струмица,  по што заедно, Д.Г. со метална тесла, а Д.Ѓ со камен извршиле оштетување на вкупно 20  апарати (машини), со што направиле  вкупна материјална штета од 1.268.185 денари“, изјави Хризантема Рендевска портпарол на СВР Струмица.

Инаку  во „Сенатор“ според полицијата  осомничениот жител од Василево  уништил  44 слот апарати и два рулета  при што  направил штета во висина од 2 милиони и 600 илјади денари.

Од полицијата не конкретизираа кои биле мотивите за неговото дивеење во ова казино  но се претпоставува дека било резултат на изгубени пари на апаратите за игра на среќа.


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување