ИСКРШЕНИ СТАКЛА И ДУПНАТИ ГУМИ НА МАКЕДОНСКИ ВОЗИЛА ВО КАЛИТЕА - не знаеме како ќе ја поминеме ноќта
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2022 14:35
Читатели на Фактор до нашата редакција испратија ексклузивни фотографии, на кои се гледаат искршени стакла и дупнати гуми на возила со македонски регистарски таблички во грчкото одморалиште Калитеа, чии сопственици се граѓани кои најверојатно го поминуваат својот годишен одмор во ова познато летувалиште, кое се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики.

Според информации на Фактор, овој инцидент е пријавен, но Полицијата се уште не излегла да изврши увид.
Информациите велат дека најголемиот дел од оштетените десетна возила биле паркирани кај плажата во непосредна близина на хотелит „Зевс“, но имало оштетени возила во центарот на Калитеа.

Фактор располага со фотографии од две оштетени возила.
Сопствениците на оштетените возила се чувствуваат загрозено од овој немил настан. Стравуваат да не доживеат и други инциденти.
„Не знаеме како ќе ја поминеме ноќта“, велат тие за Фактор.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




