„Исламска држава“ ја искористи сиромаштијата во Косово
Објавено во: Балкан 22 Април, 2015 10:09
Додека „Исламска држава“ се обидува да воспостави нов калифат во Сирија и Ирак, терористичката организација открила голем извор за прибирање на екстремисти од сиромашното Косово, истакнува „EurActiv“.
Стотици косовски Албанци се приклучија кон терористичките групи во Сирија и Ирак. Во голем број европски земји и властите во Приштина го отворија прашањето, за криминализација на учеството во странски конфликти.
Претставниците на исламската заедница во Косово веруваат дека главните причини за патувањето на Косоварите до Сирија и Ирак се поврзани со финансиска добивка и недостаток на свест за војната.
Професор по исламски студии верува дека постојат различни фактори кои ги туркаат младите Косовци да влезат во организации како „Исламска држава“. Според него оние кои одат не можат јасно да ги сфатат задачите и мотивите и имаат ништожни знаења за глобалната геополитика и геостратешки интереси во овој дел на светот.
Вистинската исламска религија лежи на реални и здрави принципи, коментира тој.
Генералниот секретар на Исламската заедница во Косово Ресуљ Ресепи верува дека се влијае врз младите луѓе да отидат во Сирија. Тој истакнал дека коалицијата предводена од регионот предвидува војна во цел свет.
Можно е да им се плаќа. Колку, не знам, но човек нема да оди за 10 или 20 евра, истакнал тој, додавајќи дека никој не треба да си ја продава душата и телото за пари.
Според него се помалку луѓе од Косово се приклучуваат на „Исламска држава“ во споредба со минатата година.
Министерството за внатрешни работи на Косово соопштило дека 300 лица од земјата се вклучиле во војната во Сирија и Ирак. Минатата година се уапсени десетици, кои подоцна беа ослободени.
Минатиот месец парламентот на Косово донесе закон. Според него учеството на Косоварите во странски конфликти се казнува со помеѓу 5 и 15 години затвор.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




