„Исламска држава“ урна католички манастир од IV век
Објавено во: Свет 20 Март, 2015 12:23
Џихадистите од групата „Исламска држава“ не запираат со варварските ѕверства кон археолошки споменици на културата. Откако ги уништија древните ирачки градови Нимруд и Хатра, најновите информации од „Дејли мејл“ се дека уништиле антички католички манастир во ирачката провинција Мосул. Медиумите дознале за вандалски чин од локалните жители.
Потсетуваме дека пред само една недела џихадисти размножија интернет запис, на кој се гледа како уништуваат со чекани непроценливи експонати од Музејот во Мосул. Пред тоа, беше јасно дека ја уништиле и древната џамија од седми век „Ал Фарук“, а пред тоа ја урнаа Централната библиотека во ирачкиот град Мосул. Изгорени се вкупно околу 10 000 книги, меѓу кои најмногу ретки и вредни ракописи.
Екстремистите веќе уништија многу археолошки локалитети, кои ги прогласија за пагански, како и муслимански храмови кои се поврзани за идолопоклонически.
Генералниот директор на „УНЕСКО“ Ирина Бокова остро го осуди уништувањето на моштите во ирачкиот град Мосул од завојуваните ИД џихадисти. Таа забележува дека активностите на ИД го прекршуваат законот усвоен од Советот за безбедност резолуција кое ги осудува уништувањето на културното наследство и пропишуваат мерки против нелегалната трговија со културни и историски мошти од Ирак и Сирија.
Бокова се обратила со молба до Советот за безбедност на ОН да биде свикана вонредна седница во врска со потребата да биде заштитено културно наследство на Ирак.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




