„Исламската држава“ повикува: Обезглавете ги Американците во нивните домови
Објавено во: Свет 22 Март, 2015 08:50
Хакерскиот оддел на групата „Исламска држава“ објави на интернет податоци кои содржат имиња, слики и адреси на над 100 членови на американската војска, и ги повика „браќата кои живеат во Америка“ да ги убијат.
Исламистите тврдат дека се пробиени неколку сервери на американските воени бази на податоци и електронски пошти, за да се здобијат со информации. Пентагон почна истрага да утврди како личните податоци на американските воени лица паднале во рацете на екстремистите.
Од хакерското одделение на исламистите велат дека сакаат „волците единци“ да ги напаѓаат членовите на американската армија и „да ги убие, каде ги затекнал“. Според информација на „TheBlaze“, листата може да се совпаѓа со податоци кои се достапни на интернет.
„Располагаме со огромно количество на информации од различни сервери и бази на податоци, решивме да објавиме 100 адреси, за да може нашите браќа во Америка да се расправаат со вас. Со овие адреси сакавме да ви олесни. Сега само треба да се земе финалниот чекор, што чекаш? Убиј ги во нивните земји, обезглавени ги во нивните домови, прободи го до смрт, додека одат по улица, мислејќи дека се безбедни“, пишуваат уште исламистите.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




