25 Декември, 2024
0.0295

Испреплетени интереси во случајот на „Телеком?“

Објавено во: Економија 25 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Антикорупциската комисија од почетокот на годинава користи надворешен правен советник, на кого, за целиот овој период досега му се исплаќаат редовни износи на надоместоци.  

Од Антикорупциска потврдуваат дека користат правни совети од Јосифовски.

„Јосифовски е ангажиран како правен советник за одредени специфични правни прашања и области. Државната комисија за спречување на корупцијата располага со стручен правен тим кој се грижи за тековните правни работи и предмети. Дополнително, за одделни правни анализи и судски постапки, особено оние кои се водат пред Управниот суд и Вишиот Управен суд, Комисијата користи услуги од надворешни адвокати и правни експерти кои се специјализирани во тие области“, велат од Комисијата на прашање поставено од Фактор.

Инаку, примањата на Јосифовски можат да се видат и на алатката https://open.finance.gov.mk/mk.

Според одредени информации, постојат сомневања дека Јосифовски е вклучен во судската постапка со која „Телеком“ треба да исплати отштета од 4 милиони евра, а за која Основното јавно обвинителство (ОЈО) започна предистражна постапка. Според сознанијата, и Антикорупциската комисија има отворено предмети за утврдување на конфликт на интерес на членови на Републичкиот судски совет кои постапувале по истиот предмет во кои е опфатен и нивниот правен советник.

Правниот советник Стевица Јосифовски, кој сега е ангажиран како надворешен соработник на оваа институција, бил дел од предмет на Антикорупциска пред неколку години. Имено, Комисијата во претходниот состав имала отворено предмет против него, a се однесувал на неспоивост на функциите адвокат и претседател на Управниот одбор на Агенцијата за електронски комуникации. Според тогашната регулатива било утврдено дека двете функции се неспоиви. Одлуката на Комисијата била потврдена и од Управниот суд, каде што Јосифовски упатил жалба, по што Вишиот Управен суд го вратил предметот на повторно постапување. Во меѓувреме, додека траела постапката, се променил законот и повеќе не било незаконски адвокат да извршува и јавна функција.

Инаку ОЈО ја започна спомената предистражна постапка откако вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски го испрати предметот за натамошно разгледување. Покрај тоа, за овој предмет расправаше и Републичкиот судски совет, по што беше усвоен извештај во кој беа констатирани низа незаконитости во судската постапка против „Телеком“. Во извештајот на Судскиот совет беше констатирано дека во пресудата на Апелација се цитирани докази кои што не постојат во списите на предметот кој се водел во Основниот суд.

Овој предмет во кој Апелација пресуди „Телеком“ да плати милионска оштета на „Фокуснет“ од Штип, ќе го разгледува и Врховниот суд. Предметот е веќе поднесен и во следниот период, согласно редовната динамика на работа на ова судско тело, се очекува истиот да биде разгледан и од Врховниот суд.

Се огласија и од „Фокуснет“ и оттаму велат дека „Апелацискиот суд ценејќи ги фактите и во редовна процедура ја изменил пресудата и донел одлука со која ‚Фокуснет' треба да се обештети во висина на само дел од отштетата определена според наодите на вештачењето. На таа одлука судскиот систем им дава право на странките да побараат ревизија од Врховниот Суд кој е крајна судска инстанца каде треба да се соочат правните факти и да се донесе конечна одлука. Само правните факти се основа за донесување на правно издржана одлука а користењето на сопственото влијание  во обвинителските и судските органи е спротивно на правото и правдината“.

Во меѓувреме, се очекува постапката да добие и разрешница во Републичкиот судски совет, кој избра нови членови, а се очекува деновиве да биде избран и нов претседател на ова тело. Републичкиот судски совет веќе констатираше низа незаконитости во судската постапка за овој случај, меѓу кои и дека бил потпишан записник и пресуда без да се видат списите за предметот, како и дека пресудата на Апелација со која се преиначува првостепената одлука била донесена без одржување на јавна расправа, што е спротивно на Законот за парнична постапка.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата