22 Ноември, 2024
0.0261

ВГРАДЕНО ЦЕЛОСНО ВЕШТАЧКО СРЦЕ, ПРВО ВО МАКЕДОНИЈА-Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје

Историски ден за здравството во Македонија

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Вкупно во светски рамки се изведени 1 800 вакви операции, а нашата земја влезе на листата од 25 земји во светот каде што се изведува оваа најтешка и најкомплексна интервенција во кардиохирургијата, покрај држави како што се САД, Канада, Франција, Германија, Турција, Велика Британија, Италија

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје е направено првото вградување на целосно вештачко срце во Македонија. Пациентот, маж на 46-годишна возраст од Штип, со исклучителна срцева слабост, по оперативниот зафат е во стабилна здравствена состојба и се чувствува добро.


Операцијата, којашто траеше повеќе од пет и пол часа и заврши во средата рано наутро, комплетно ја изведе тимот од „Аџибадем Систина“, предводен од шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ.

Вградувањето на целосно вештачко срце, како комплексна кардиохируршка операција, ја вброи Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во самиот врв на светските здравствени установи кои вршат зафати со механичка срцева потпора. Воедно, ова е огромен исчекор и за македонската кардохирургија, со што нашата држава се вбројува во малкуте земји во светот каде што се извршени вакви операции.

„Вградувањето целосно вештачко срце беше единственото решение за пациентот, кој поради изразена форма на срцева инсуфициенција, функционираше со само 15 отсто од капацитетот на срцето. Со новото срце, тој доби нова шанса за живот и нови шест години за наоѓање соодветен трансплантат. При интервенцијата, комплетно беше отстрането неговото срце и го заменивме со целосно вештачко срце. Оваа интервенција е најдоброто решение, особено кај пациенти кај кои срцевата инсуфициенција е присутна и во десната и левата комора и е значително покомплексна интервенција, за разлика од вградувањето вештачка  LVAD-пумпа, којашто дава механичка поддршка единствено на левата срцева комора”, изјави проф. д-р Николиќ.


Вградувањето вештачко срце е најтешката и најкомплексна интервенција во кардиохирургијата. Самата операција траеше околу пет и пол часа и на огромна радост сè се заврши беспрекорно. Пациентот е во стабилна здравствена  состојба, свесен е и контактибилен. Позитивно сме изненадени од брзината на неговото заздравување, вели шефот на тимот, проф. д-р Николиќ.

Ова операција на вградување вештачко срце е прва во Македонија, а втора во регионот, по онаа минатогодишната на Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње” во Белград, исто така изведена од проф. д-р Николиќ.

„Со вградувањето на првотo вештачко срце, ‘Аџибадем Систина’ и понатаму докажува дека е лидер во воведување нови интервенции. За изведување на оваа специфична интервенција нашиот кардиохируршки тим помина стручна едукација во Германија, изведена од страна на експертите од компанијата Syncardia, којашто е светски лидер во производството на механички срца. Преку оваа едукација, тимот кардиохирурзи стана единствен сертифициран тим за изведување на овој тип интервенции во Република Македонија. Вкупно во светски рамки се изведени 1 800 вакви операции, а Македонија влезе на листата од 25 земји во светот каде што се изведува овој исклучително комплициран кардиoхируршки зафат, покрај држави како што се САД, Канада, Франција, Германија, Турција, Велика Британија, Италија...”, изјави д-р Јана Марин, директор на болницата и член на Одборот на директори на „Аџибадем Систина“.


Во Клиничката болница наведуваат дека доколку не беше изведено вградувањето на вештачко срце кај овој пациент, прогнозите за неговото прежувување ќе се сведуваа на неколку денови или на неколку недели. Оваа операција на пациентот ќе треба да му овозможи пристоен и поконфорен живот во следните шест години, за да може да ја дочека транасплантацијата на донорско срце. 

Механичкото срце е со иста големина како и природното. Се напојува со батерија, којашто, по излегувањето од болницата, пациентот ќе ја носи во специјален ранец на грб, со тежина од шест килограми. Вградувањето механичко срце е тренд во светската кардиохирургија, со оглед на фактот што сè потешко се доаѓа до донорско срце.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

АДИНГ ЗАСАДУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

АДИНГ ЗАСАДУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ