19 Декември, 2025
0.0461

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2025 10:31

Добивај вести на Viber

Сѐ поголем број граѓани се одлучуваат за користење на кредитните картички поради големиот број на предности и бенефиции кои тие ги нудат покрај основната бенефиција - практично и безбедно решение за плаќање. Во таа насока, Mastercard World Contactless кредитната картичка на Халкбанк се издвојува како премиум производ наменет за корисници кои бараат да добијат нешто повеќе од класично плаќање.

Оваа картичка овозможува брзи и сигурни трансакции благодарение на бесконтактната технологија, при што за износи до 2.000 денари не е потребно внесување ПИН. Покрај оваа предност, корисниците добиваат пристап до низа дополнителни бенефиции.

Како дел од понудата, Халкбанк АД Скопје им овозможува на корисниците на Mastercard World картичката членство во Lounge Key програмата. Преку оваа програма, сопственикот на картичката, заедно со уште една личност по негов избор, може да ужива во погодности и привилегии при патувања, на бројни аеродроми ширум светот. За полесен преглед на достапните локации, корисниците можат да ја преземат мобилната апликација достапна за iOS и Android уреди.

Картичката е поврзана со револвинг кредитен лимит до 1.200.000 денари, достапен 24/7, со минимална месечна отплата од 10% од искористениот кредит. Дополнително, последните седум дена од секој месец, корисниците имаат можност да повлекуваат готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк.

Mastercard World Contactless овозможува и интернет плаќања без провизија – и на домашни, и на странски веб-страници – со целосна сигурност, благодарение на највисоките безбедносни стандарди: 3D Secure – Verified by Visa и Mastercard SecureCode.

Меѓу дополнителните поволности, картичката нуди 10% пониски цени при купување полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување. Исто така, корисниците можат да купуваат на рати без камата кај трговци со кои Халкбанк има воспоставено соработка – до 60 рати.

Аплицирањето за Mastercard World Contactless е едноставно и достапно – во најблиската филијала на Халкбанк или онлајн преку веб страната на банката.

Во време кога удобноста, флексибилноста и сигурноста се очекувани стандарди, Mastercard World претставува модерен начин за управување со финансии, без компромис во квалитетот на услугата.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка