11 Декември, 2025
0.0360

ИСТОРИСКИ УСПЕХ: ВТОРО МЕСТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА СВЕТСКО 3х3 ФИНАЛЕ ВО ДУБАИ

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2025 20:55

Добивај вести на Viber

Екипата на EUROEDIL HOLDING, националниот Red Bull Half Court шампион, испиша историски резултат во Дубаи, каде со нивните одлични настапи и серија убедливи победи за време на целиот натпревар, го освоија второто место на светското Red Bull Half Court финале.

Елвис и Амар Хот и Карло и Паоло Блажевски се двете братски двојки кои оваа година го донесоа најголемиот успех за Македонија на Red Bull Half Court од неговото глобално постоење. Македонија првпат стигна до големото финале, играјќи го последниот натпревар со Египет,  една од најдобрите 3х3 екипи на светско ниво.

Патот до финалето започна со сигурни настапи на екипата EUROEDIL HOLDINGво групната фаза, каде тимот обезбеди две победи против САД (13:7) и Малдиви (21:7), а последниот натпревар го играа со Јужна Африка, каде победата ја однесе противникот со краен резултат 15:10.

Победата надСАД, едни од фаворитите на ова финале, дефинитивно го постави тонот за понатамошниот настап на нашата репрезентација. Двете победи беа доволни за пласман во нокаут фазата, каде македонскиот тим во четвртфиналето ја совлада силната селекција на Јапонија со 14:9, а во полуфиналето ја демонстрираше најубедливата игра на турнирот со победа над Молдавија од 21:4.Оваа година, светското Red Bull Half Court финале обедини 30 тимови од 18 земји, а дополнително значаен момент за Македонија беше тоа што дизајнот од теренот во Влае, дело на уметникот Сатја Грабулоски, на кој досега се играа две национални Red Bull Half Court финалиња, беше прикажан на интерактивниот LED под на кој се играа натпреварите од светското финале во Дубаи.Во крајно неизвесното финале, Амар, Елвис, Карло и Паоло храбро се бореа и останаа конкурентни до самиот крај, но титулата светски Red Bull Half Court шампион ѝ припадна на репрезентацијата на Египет, со краен резултат 21:12.

Со легендарниот Museum of the Future во позадина, натпреварот донесе жешка атмосфера, а привлече и бројни светски познати имиња од кошаркарската сцена, меѓу кои AND1 легендата The Professor, четирикратниот светски шампион и олимписки медалист Dušan Bulut, EuroLeague ѕвездата Džanan Musa и WNBA ѕвездата Arike Ogunbowale, кои уживаа во целиот спектакл. Публиката имаше можност да биде сведок на спектакуларно шоу со дронови, Jet Suit перформанс и настапи од музички артисти и брејкденсери кои дополнително ја вжештија атмосферата.

Од своето деби во 2021 година, Red Bull Half Court континуирано се стреми да ја редефинира глобалнатаstreetball сцена со моќен спој на спорт, урбана култура и креативност. Оваа година, Дубаи го отвори патот кон следната станица – светско Red Bull Half Court финале во Филипини во 2026 година.

Со овој историски пласман, EUROEDIL HOLDING испратијаснапоракадека Македонијаиматимовикоиможатдаконкурираатнанајвисокатамеѓународна 3х3 сцена, подготвени за уште поголеми успеси во иднина.

Во 2026, Red Bull Half Courtповторно се враќа и во Скопје за нови предизвици и нови можности за сите оние штосакаат да го обезбедат својот тикет за светското финале во Филипини.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ