18 Декември, 2025
0.0360

ИСТРАЖУВАЊЕ: Колку Македонците споделуваат содржина од брендови на Фејсбук?

Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2014 14:11

Добивај вести на Viber

Најуспешните македонски брендови на Фејсбук просечно добиваат по 62 лајка на едена објава, нешто повеќе од 5 коментари и 4,7 споделувања. Ова се резултатите од најновото истражување на Агенција Рејтинг, коешто ексклузивно ќе биде презентирано на овогодишната конференција AllWeb. Главна цел на истражувањето е анализа на ефективноста на македонските брендови и компании при користењето на Фејбук како канал за комуникација. Според Никола Спасов, директор на Рејтинг, овие бројки не делуваат толку лошо, но мора да се има на ум дека просекот е постигнат благодарение на спонзорираните Фејсбук објави кои се неизбежен дел од онлајн маркетинг стратегиите на големите брендови. „Истражувањето има два дела, квантитативна и квалитативна анализа. Во првиот дел анализирани се видот на содржината и добиените интеракции на преку 3600 споделени постови од страна на 45 најактивни македонски компании и брендови на Фејсбук. При квалитативната анализа на преку 300 објави навлеговме длабоко во самата содржина, анализирајќи ги интензитетот и степенот на присутност на емоциите во самите постови, како и други фактори кои поттикнуваат на споделување и интеракција“, вели Спасов. Истражувањето покажува дека компаниите најчесто споделуваат фотографии, дури 69% од постовите, 14,6% од сите постови се линкови, 6% се текстуални објави, додека само 3,5% отпаѓа на видео содржина. Анализата покажува дека компаниите сѐ уште многу малку инвестираат во оригинална содржина наменета за социјалните медиуми. Најголем дел од постовите се во функција на промоција на производи или услуги, при што истите ретко содржат елементи и емоции кои поттикнуваат споделување или интеракција. „Детални анализи и истражувања за тоа кои се основните предуслови за една содржина да стане вирална во светски рамки веќе одамна се прават. Такво нешто недостасуваше кај нас, заради што решивме фокусот на годинешново истражување да биде ставен на тоа каква содржина пласираат нашите компании и колку таа ги исполнува предусловите за виралност. Инаку, резултатите велат дека една содржина за да биде вирална, пред сѐ треба да буди силни емоции, но и да содржи низа други елементи“, додава Дарко Булдиоски, организатор на конференцијата. На AllWeb учесниците ќе имаат можност ексклузивно да се запознаат со деталите од истражувањето и да слушнат препораки за подобрување на своите дигитални стратегии и презентација на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“