15 Мај, 2024
0.0295

Истражување: „Тетките“ од Австралија оставаат најмногу пари во наследство

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Ако животот е „сапуница“, во годините на економска криза би се надевале на расплетот во кој парите нас ни „паѓаат од небо“. А едно од најчестите сценарија кои ни „местат“ таква приказна е „тетката од Америка“ која неочекувано остава „брдо пари“ во наследство… Истражувањето на „HSBC“, сепак, укажува дека во тоа (малку веројатно) сценарио подобро би било да имаме „тетка“ во Австралија, отколку во Америка, бидејќи, истражувањата покажуваат дека Австралијанците оставаат најмногу пари во наследство. „HSBC“, една од најголемите банки во светот со седиште во Лондон, спроведе истражување во кое учествувале 16.000 луѓе од 15 земји. Како што пренесува „CNN“ истражувањето покажало дека Австралијанците оставаат најмногу пари на идните генерации – во просек повеќе од половина милион долари, поточно 501.919 долари. Во однос на Австралијанците, „тетките од Америка“ не се баш дарежливи кога се работи за наследството: Американците, вели истражувањето, се на дури шестото место во светот, а просечниот износ кој го оставаат на идните генерации е 177.000 долари. По износот на просечното наследство, светски вицешампион е Сингапур, со просечно наследство во износ од 371.000 долари. Следат Велика Британија (280.000 долари), Франција (220.000) и Тајван (190.000). Истражувањето вели дека, ширум светот, околу 69 проценти од пензионерите планираат на своите потомци да им остават наследство, а просечниот износ во развиениот свет е 148.000 долари. Кога станува збор за бројот на луѓето кои се подготвени да им остават наследство на потомците, најдарежливи се во Индија, каде дури 86 проценти од пензионерите планираат да им остават пари на идните поколенија. Американците не се одлучуваат на таков масовен потег како Индијците: наследство планираат да остават околу 56 проценти од граѓаните на САД. Секако, многумина им даваат пари на децата и пред смртта, па, на пример, истражувањето на „HSBC“ покажува дека околу 35 проценти од работноспособните жители на САД веќе добиле пари од некој член на семејството – во просек по 24.000 долари.   A.A.

Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници