Истражителот на СЈО приведен зошто барал каде живее Мијалков, нов заплет во МВР
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2016
Голема драма предизвика приведувањето на еден истражител на СЈО кој според последните информации на МВР го следел Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, со цел да слика каде тој живее. Откако од обезбедувањето бил забележан како се обидува да фотографира куќа, истражителот бил пријавен во полиција, а потоа и приведен во полициската станица Беко во Скопје.
Откако од обезбедувањето бил забележан како се обидува да фотографира куќа, истражителот бил пријавен во полиција, а потоа и приведен во полициската станица Беко во Скопје.
Специјалната обвинителка Катица Јанева пред полициската станица Беко посочи дека за притворањето не добиле писмено известување и дека истото е сторено без основа. Потоа истражителот беше пуштен од притвор и пренесен во седиштето на СЈО, а Катица Јанева изјави дека одговор за причините треба да се бара од началникот на полициската станица.
Тимот на СЈО потоа се упати кон УБК каде се соочи со нова блокада бидејќи влезот не им беше дозволен. Потоа со интервенција на министерот Оливер Спасовски во МВР им беа отворени вратите. Сепак, се наведува дека вечерва во УБК нема да присуствува дежурен истражител или обвинител на СЈО.