19 Декември, 2025
0.0568

Истражување на БИРН - ОД МИНИСТЕРСТВОТО НА АРТАН ГРУБИ СЕ ОДЛЕВАЛЕ МНОГУ ПАРИ ВО ВИД НА ХОНОРАРИ, ИАКО ИМА 354 ВРАБОТЕНИ

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2023 06:31

Добивај вести на Viber

Министерството за политички систем, со кое раководи вицепремиерот Артан Груби, само за една година исплатило околу 160 илјади евра за хонорарни услуги, но не сака да одговори за што точно се исплатени овие пари и каква потреба од дополнителни вработени по договор имало ова министерство кое веќе има 354 вработени лица, се вели во истражување на БИРН што го објави порталот Призма.

Покрај 354 вработени, Министерството плаќало дополнителна работна сила. Имено, само во текот на 2022, во четириесетина наврати, преку две авторски агенции „Артпицк“ и „Лиценца МК 2000“ се исплаќани различни износи: Oд 22 илјади денари до над 300 илјади денари месечно за „други договорни услуги“, што е шифра под која најчесто се водат хонорарните ангажмани.

БИРН пресметал дека само по оваа основа Министерството лани исплатило околу 160 илјади евра. Oсвен тоа, Министерството исплаќало и консултантски услуги преку агенцијата „Д-М консалтинг Груп“, на која ѝ се исплатени вкупно 7.600 евра за една година.

Министерството одбило да даде отчет за намената на овие пари, ниту пак ги објавило на својот сајт, на што е обврзано, ниту пак на сајтот е објавен извештајот за јавни набавки, пишува БИРН.

На барање на новинарите, кои се повикале на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од Министерството добиле фактури без наведена намена, кои содржеле само општ опис „договорци“.

Новинарите поднеле жалба до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, но и таа наишла на затворена врата.

„Имателот на информацијата не одговори на дописот на Агенцијата“ – одговориле од Агенцијата. По ова Агенцијата исплатила Решение до Министерството во кое му налага, повикувајќи се на законот, да одговори во рок од 15 дена, но Министерството и тоа решение го игнорирало.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот