ИСТРАЖУВАЊЕ: Ова е најнетолерантната европска држава
Објавено во: Свет 15 Август, 2017
Има голема нетрпеливост кон луѓето од Источна Европа, а прва е Чешка, како најнетолерантна европска земја.
Универзитетот Харвард во период од 13 години направи истражување за расни предрасуди во европските земји.
Слична студија е реализирана во 2015 година и е спроведена од Европската унија. Народите во Велика Британија, Шпанија, Франција, Холандија, Данска и Шведска се покажале како најтолерантни.
Најмногу предрасуди има во Чешка, Словачка, Бугарија, Грција, Кипар и Литванија. Тие одговарале на неколку прашања од типот дали би дозволиле нивните деца да бидат во врска со луѓе од друга раса, односно дали би работеле со луѓе од други етнички заедници. Во повеќето европски земји првенствено се согласиле на работа со припадници на белата раса, потоа со Африканци, Азијци и Роми. Слични се и одговорите кога станува збор за религијата, Европејците попрво би работеле со христијани и атеисти, потоа со Евреи, будисти и на крајот со муслимани, пишува Independent.