Италија под удар на исламистите: Папата во центар на вниманието
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2015 20:13
Во Италија и Ватикан е подигнат степенот на безбедност поради зголемените ризици од можни напади на исламските екстремисти, пренесуваат италијанските медиуми.
Шефот на Ватиканската и Швајцарска гарда Кристоф Граф потврди дека се воведени додатни мерки на претпазливост да би се осигурала безбедноста на папата Фрањо ден откако италијанската влада ги одобрила новите мерки на безбедност од страв од тероризмот поради настаните во Либија.
Тој за италијанскиот весник „Ил Журнале“ рекол дека тоа што се случило во Париз со нападите на магазинот Шарли Ебдо може да се случи во Ватикан.
-Подготвени сме да интервенираме за да се осигураме дека папата е заштитен. Побаравме од сите припадници на Швајцарската гарда да бидат внимателни и да го следат движењето на луѓето, рекол Граф.
Граф додал дека на разузнавачките служби им преостанува да пружат подетални информации за секоја можност на опасност, пренесува Франс прес.
Според неговите зборови, папата со своето однесување ја отежнува работата на службите за обезбедување бидејќи римокатоличкиот поглавар не сака обезбедувањето да биде преблиску до него.
Владината комисија за безбедност вчера го подигна степенот на безбедност во земјата и дала „зелено светло“ на одлука на минатата недела да се зголеми бројот на војници од 3000 на 4800 поради опасноста од тероризам на улиците на Ватикан и Италија.
Италијанските медиуми денеска како потенцијална мета на исламските милитанти го идентификувале местото на одржување на светскиот саем Експо 2015 во Милано, зградата на Министерството за надворешни работи во Рим, Ватикан и синагогите ширум земјата.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




