15 Декември, 2025
0.0484

Италијанци ќе ја модернизираат депонијата Дрисла, од сметот ќе се прави енергија

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2013 20:06

Добивај вести на Viber

И пари и екологија по италијански рецепр, „Дрисла“ ќе биде претворена во модерна европска депонија до 2016 година. Депонијата ќе работи по стандардите на италијанската депонија „Белведере“, односно   отпадот ќе се селектира и ќе се трансформира во енергија или гориво и репроматеријал. Со ова, најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски за време на денешната посета на Фиренца,значително ќе се намали количеството отпад што ќе се чува во депонијата. Во јануари годинава градот Скопје со конзорциумот составен од „FCL AMBIENTE SRL“ и „UNIECO SCC COOP“ од Италија потпишаа договор за заедничко вложување во „Дрисла“ и ја добија под концесија на 35 години. Оваа компанија треба да изврши санирање на постојната депонија , нејзино отплинување и да направи нови секции или ќелии во кои ќе биде депониран отпадот од кој понатаму ќе се произведува енергија. „Она што Град Скопје ќе го добие е 20 отсто од профитот во претпријатието „Дрисла“. Според студијата направена од страна на Светска Банка и понудата на ФЦЛ Амбиенте, се предвидува да има профит од околу 5 милиони евра годишно или околу 1 милион евра за Град Скопје. Втората погодност што е многу значајна е тоа што ќе го третираме отпадот од неговото собирање се до депонирањето, на еден современ и европски начин“, изјави градоначалникот Трајановски. Според Доменико Ферацоли, претседател на ФЦЛ Амбиенте, целта e да се изведе нов модел на управување со отпадот. „Дрисла ќе биде претворена во еколошки парк. Скоро една третина од отпадот во Скопје ќе биде трансформиран во енергија што е доволно за да се употреби за работа на една цела фабрика“, истакна Ферацоли. За државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, Дрисла ќе биде првата депонија која ќе врши интегрирано управување со отпад на Балканот, каде што сите сегменти ќе бидат на едно место, ќе заштедува ресурси, време и средства. Останатите депонии, додаде Лепиткова,  ќе ги реализираме со концесионирање и со ИПА средства. Вкупната инвестиција за трансформирање на ЈП „Дрисла“ ќе изнесува околу 80 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“