Добивај вести на Viber
Од првобитно прогнозираните милијарда евра, сега, италијанската банка Монте Паски ди Сиена планира да се докапитaлизира со 2,5 милијарди евра. Со оваа финансиска операција ќе се зголемат можностите за национализација на банката, доколку таа не успее да ги собере планираните средства.
Најстарата банка во светот од Тоскана и трета по големина во Италија, ја презема оваа мерка во долгиот процес на финансиско опоравување.