19 Декември, 2025
0.0522

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА СПОРЕН ЛЕК, КОЈ И НИЕ ГО КУПУВАВМЕ НЕОДГОВОРНО - најмногу се користеше за време на короната

Објавено во: Македонија 12 Март, 2024 12:11

Добивај вести на Viber

Добро познатиот лек кој многу се споменуваше за време на пандемијата на Ковид итно се повлекува од хрватскиот пазар. Станува збор за лекот ивермектин, кој исто така и нам ни е добро познат.

Компанијата Медика, дистрибутер на лекот Соолантра крем (ивермектин), во соработка со Агенцијата за лекови и медицински производи на Хрватска, од хрватскиот пазар повлекува серија 2414239А од тој лек, пишува Слободна Даламација.

Повлекувањето се врши до ниво на аптека. Постапката за отповикување се спроведува поради дефект на квалитетот поврзан со контаминација што не претставува ризик по здравјето.

Понатаму се наведува дека ивермектинот ќе биде достапен по барање на здравствена установа или за неопходни случаи на лекување со индивидуален рецепт.

Таблетите ивермектин се одобрени во ЕУ за третман на некои паразитски инфекции со црви, додека препаратите на кожата со ивермектин се одобрени за третман на кожни заболувања како што е розацеа. Ивермектин е исто така одобрен како ветеринарен лек за употреба против паразити во широк спектар на животински видови.

Лековите што содржат ивермектин не се одобрени за употреба против болеста Ковид-19, иако луѓето ги купуваа во аптеки за време на пандемијата. Бројни студии покажаа дека ивермектинот не лечи ковид, ниту помага во ублажување на симптомите.

Да потсетиме, лекот во балканските држави се „препорачуваше“ во одредени групи на социјалните мрежи за време на пандемијата, а од самото формирање на таквите групи, поради начинот на работа и фактот што меѓу администраторите има здравствени работници и професори на на Медицинскиот факултет, групата наиде на голема осуда од општеството и медиумите.

(Слободна Далмација)

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот